2012-10-12 16:44:33

Папата ја отвори Годината на верата: Црквата да го навести Христа на современиот свет


„Најважно од се“ е да се оживее во целата Црква „оној копнеж за навестување Христа на современиот човек“ потпирајќи се на конкретните документи од концилот. Папата на 11 овој месец ја предводеше светата Миса по повод отварањето на Годината на верата, совпаѓајќи се со 50 годишнината од Вториот Ватикански Концил и 20 годишнината од издавањето на Катехизисот на Католичката Црква.

„Со голема радост денес, на 50 години од отварањето на Екуменскиот Концил, ја започнуваме Годината на верата“.

Во една свечена и радосна атмосфера Бенедикт 16-ти ја отвори Годината на верата. Во својата проповед рече дека Христос е центар на верата. Бог е принципалниот субјект за евангелизирање на светот преку Исус Христос кој сакаше да ја пренесе својата мисија на Црквата и продолжува да го прави тоа испраќајќи го Светиот Дух на учениците се до крајот на времињата. „Црквата – потсетува – е првиот и неопходниот инструмент за оваа дело Христово“. Годината на верата е поврзана со целиот пат што Црквата го помина во последните 50 години: „од Концилот, преку Магистратот на Слугата Божји Павле 6-ти , кој 1967 ја прогласи за «Година на верата», до Големиот Јубилеј во 2000, со која Блажениот Јован Павле 2-ри му го предложи на целото човештво Исус Христос единствениот Спасител, вчера, денес и секогаш“. Папата ја открива длабоката конвергенција помеѓу Павле 6-ти и Јован Павле 2-ри кои акцентот го ставаат на Христос како центар на светот и на историјата и на стравопочитта од апостолите кои го навестуваа и повторно го потврдува значењето на Вториот Ватикански Концил сеќавајќи се на зборовите на Јован 23-ти на отварањето на самиот Концил: главната цел на овој Концил не е да се дискутира за ова или она тема на доктрината но за да „оваа сигурна и непроменлива доктрина, која доверливо треба да се почитува, биде продлабочена и оредставена на светот задоволувајќи ги потребите од нашето време“. И Бенедикт 16-ти потсетува дека за време на Концилот искусил дека имаше тензија обидувајќи се да направат да блесне „убавината на верата во денешното време, без жртвување на потребите на сегашноста ниту држајќи ја врзана за минатото“.

Затоа мислам дека најважно е да се оживее во целата Црква оваа позитивна тензија, овој копнеж за навестување Христа на современиот човек“.

Но – предупредува Папата – додека овој внатрешен притисок на новата евангелизација „не дојде до збунетост, потребно е да се потпира врз конкретните и прецизните корења, кои што се. Токму, документите од Вториот Ватикански Концил. За тоа инсистира дека е потребно да се вратиме на текстовите: „вистинското наследство се наоѓа во нив“. Концилот „не измисли ништо ново околу суштината на верата“ но направи истата вера да продолжи да биде „една жива вера во свет кој се менува“:

„Отците од Концилот сакаа верата да ја претстават на еден поефикасен начин; и доколку со доверба прифатија да отворат дијалог со современиот свет е затоа што беа сигурни во сопствената вера. Во годините што следуваа, многу од нив ја прифатија без да го расудат доминантниот менталитет, дискутирајќи ги истите основи на депозитот на верата, кои за жал не ги чувствуваа повеќе како сопствени во нивната вистина“.

„Ако денес Црквата повторно предлага Година на верата и нова евангелизација, не е затао што се чевствува годишнина, туку затоа што има потреба од тоа, многу повеќе како од пред 50 години“. А и иницијативата да се создаде Папски Совет за Нова Евангелизација влегува во оваа перспектива. Бенедикт 16-ти приметува дека во овие децении покачена е духовното „опустошување, дека е распространета празнината, но токму тргнувајќи од искуството на пустината може да се открие радоста за верување:

„Во пустината потребни се луѓе со голема вера кои, со својот живот, ќе го покажат патот кон ветената Земја и така ја одржуваат надежта. Верата која се живее го отвара срцето на Божјата Милост кое ослободува од песимизам. Денес повеќе од кога и да било евангелизирање значи сведочење еден нов живот, трансформиран од Бога, покажувајќи го вистинскиот пат".

Првото читање од Светата Миса зборуваше токму за мудроста на патникот: мудриот патник ја научил мудроста да ја живее и може да ја сподели со своите браќа, како што е случајот со поклониците од Сантијаго. Многу луѓе чувствуват потреба за поклонички патувања за да ја пронајдат смислата за суштината од нашиот свет:

„Еве како можеме да ја претставиме оваа Година на верата: еден поклоник во пустините на современиот свет, во кој со себе ќе носи само тоа што му е потребно: не стап, ниту вреќа, нито леб, ниту пари, ниту две јакни – како што им збореше Господ на Апостолите испраќајќи ги во мисија (сп. Лк 9, 3), туку Евангелието и верата на Црквата, кои се светло изразени во документите од Вториот Ватикански Концил“.

Со поздрав се обрати и Екуменскиот Патријарх од Цариград, Вартоломеј Први, кој цитирајќи го концилскиот Декрет Unitatis Redentegratio (Обнова на Единството), потврди: „надеж дека ќе биде отстранета бариерата помеѓу Источната и Западната Црква, и дека конечно ќе има еден единствен дом цврсто заснован врз камен темелникот, Исус Христос, кој од двете ќе направи Едно“ (Unitatis Redintegratio 18). Да почнеме да се молиме за мир и здравје за нашите браќа и сестри христијани кои живеат во Блискиот Исток“, потоа потврдува, посакувајќи дека „желбата за хармонија која ја искажуваме овде“ биде „модел за нашиот свет“ и дека „можеме заедно да работиме да ја наминеме болката на народите“.







All the contents on this site are copyrighted ©.