2012-10-10 09:52:31

Представен Синодот за новата Евангелизација


„Новата евангелизација за пренесување на христијанската вера“, тема која ќе се одржи во Ватикан од 7 до 28 октомвти на 13-от генерален епископски Синод. Настанот беше презентиран од Генералниот секретар на Синодот, архиепископот Никола Етеровиќ.

„Црквата постои да евангелизира. Целта на евангелизацијата е иста, но се менуваат народот и социјалните, културните, политичките и религиозните услови во кои тој народ живее“: монс. Етеровиќ вака го објасни значењето на темата за новата евангелизација. Тема која го интересира целиот свет, а не само секуларните Земји. На овој Синод ќе присуствуваат 262 Отци, највисока присутност во историјата на Синодите:

„Големиот број на присутноста на Отците исто така укажува дека е голем интересот за седницата на Синодот. Од Европа ќе присуствуваат 103, од Америка 63, од Африка 50, од Азија 39 и од Океанија 7“.

Ќе бидат присутни исто така 45 експерти и 49 слушатели, мажи и жени квалификувани и посветени за евангелизацијата во сите пет континенти. Голема ќе биде присуутноста на делегати, представници од 15 Цркви и црковни заедници кои сеуште не се во целосна заедница со Католичката црква. Монс. Етеровиќ го нагласи присуството на англиканскиот надбискуп од Кантербери, Rowan Williams, кој ќе се обрати на пленарниот Синод, попладнето на 10 октомври, и на вселенскиот Патријарх Вартоломеј Први, кој ќе упати поздрав до Светиот Отец за време на литургијата на 11 октомври, кој официјално ќе ја отвори Годината на Верата, на 50 години од Вториот Ватикански Концил. Една значајна прослава, на која ќе учествуваат не само Отците од синодот, но исто така и неколку Отци од концилот. Меѓу останатите братски делегати, важно е присуството на Митрополитот Хиларион, задолжен за јавните Односи за Московската Патријаршија, и на Сара Дејвис, потпретседател на Светскиот Методистички Совет.

Монс. Етеровиќ истакна исто така и за присуството на трите специјални гости: опатот на екуменската Заедница на Тезе, Алојз, кој ќе презентира за новата евангелизацијата особено меѓу младите, претседателот на Американското библиско здружение, Ламар Вест, и претседателот на Понтификалната Академија на Науките, Вернер Арбер, протестант и добитник на Нобеловата награда во 1987. Негова задача е, на 12 октомври, да го објасни односот меѓу науката и верата.

Но на Синодот нема да недостасува придонесот на народот, кои ќе бидат присутни меѓу слушателите, исто така важни за развој на новата евангелизација:

„Народот ќе придонесе живо искуство, актуелно во Црквата, голем придонес за евангелизацијата. Сите христијани се повикани да бидат сведоци, да бидат мисионери во средините во кои живеат. Христијанското семејство денес е навестител на Добрата Вест во нашата средина, каде што структурата на фамилијата е во криза со разни проекти на т.н. фамилијарни „сурогати“.

Се вкупно, генералните Конгрегации ќе бидат 23, додека 8 сесии ќе бидат посветени на работните групи. Четири литургиски прослави ќе бидат предводени од Светиот Отец: освен онаа на 11 октомври, Бенедикт 16-ти ќе ја предводи Мисата за отварањето и затварањето на Синодот, 7 и 28 октомври, и литургиската прослава за канонизација на 7 Блажени, на 21 октомври. Залагањето на светците и блажените, всушност, ќе го помогне развојот на Синодот:

„Од небото исто така ќе биде присутен и блажениот Јован Павле Втори кој за време на својот Понтификат придонесе многу за новата евангелизација. Исто така и многу други Светци и Блажени кои ги познаваме, како Мајка Тереза од Калкута, која ни кажува дека новата евангелизација содржи важна димензија, љубовта, универзален јазик кој сите го разбираат.









All the contents on this site are copyrighted ©.