2012-09-17 15:21:36

350 илјади луѓе на папската литургија во Бејрут: "Нека Бог им подари мир на Сирија и на Блискиот Исток"


Нека Бог им го подари на Либан, Сирија и Блискиот Исток "дарот на мирот во срцата, молк на оружјето и прекин на насилството": овој молитвен повик го упати Бенедикт XVI за време на завршната литургија, која ја отслужи утринава во Бејрут со која завршува неговата тридневната апостолска посета на Либан. Папата го изврши литургискиот обред во Сити центар Уотрфронт во Бејрут на голем олтар со форма на џиновски либански кедар, опкружен со маслинови гранчиња, симбол на мирот, во присуство на повеќе од 350 илјади луѓе, меѓу кои и претседателот Мишел Сулејман, католик од маронитски обред. Возбудливо Море од ватиканските и либанските знамиња, радосни извикуваа и пееја песни пречекувајќи го папамобилот.

За време на богослужбата Папата врачи апостолски поттик "Црквата на Блискиот Исток" на патријарсите и епископите од регионот. Литургијата беше особено збогатена со присуството на црковни пастири и верници од земји како Сирија, растресени од војни и насилство. Токму кон оние што страдаат на Блискиот Исток Папата упати силен апел за мир. "Вие - рече Папата за време на молитвата Ангел Господов - добро ги познавате страдањата од драмата на конфликтите и насилството". За жал, додаде "звуците на оружјето продолжуваат да се слушат, како и лелекот на вдовиците и сираците":

"Ја повикувам меѓународната заедница! Ги повикувам арапските земји, како браќа, да се предложат применливи решенија за почитување на достоинството на секој човек, неговите права и религија!. Оној кој сака мир - истакна Папата - треба да престане да гледа на другиот како на зло кое треба да се уништи. Не е лесно да се почитува другиот, како личност и да сакаш, но сепак да го правиш, ако навистина се сака мирот и братството "," без оглед на неговато потекло и верските убедувања ".









All the contents on this site are copyrighted ©.