2012-09-10 14:08:34

Папската посета на Либан во знакот на мирот


"Не паѓајте со духот пред насилството и ескалацијата на тензиите": оваа порака ја упати кон жителите на Блискиот Исток Папата за време на неделната молитва Ангел Господов, која ја измоли од апостолска резиденција во Кастел Гандолфо, неколку дена пред неговата апостолска посета на Либан. Напорите за мир и помирување во овој регион ", долги години измачуван од постојано конфликти, истакна Папата, треба да биде приоритет за сите заинтересирани страни и да ја добие поддршката на меѓународната заедница. Во катехистичното размислување пред молитвата, Папата се задржа на неделниот евангелски извадок во кој се раскажува за исцелување на глувонеми од страна на Исус, повикувајќи да се ослободиме од гревот, кој нè прави слепи и глуви ". Папата упати и апел за зајакнување на дијалогот во Колумбија.

При поздравите на различни јазици, на англиски, Папата се обрати до верниците од Универзитетот на Марија во САД. На шпански го охрабри дијалогот кој се одржува меѓу колумбиската влада и револуционерните воени сили, со учество на странски делегати, со кој се бара да се стави крај на долгогодишните судири во Колумбија. Папата посака да се продолжи по патот на простување и помирување во барањето на заедничкото добро. На полски јазик, повикувајќи се на претстојната Недела на воспитувањето, организирана од полската епископска конференција Папата посака, таа да "ја оживее соработката меѓу семејството, училиштето и Црквата, за да и се обезбеди на децата и младите солидна интелектуална, културна, духовна и христијанска партија ". Папата упати и срдечни желби кон католиците во Казахстан, каде што Кард. Сода како негов претставник отслужи на 9 септември свечена Света Миса по повод осветувањето на катедрала во Караганда. Поздрави беа упатени и кон верниците во Лвов, кои заедно со папскиот претставник, Кард. Томко, одбележаа шестотини години од основањето на архиепархијата.







All the contents on this site are copyrighted ©.