2012-09-03 12:42:55

Папата за време на молитвата Ангел Господов: вистинската побожност е слушање и почитување на Словото Божјо


Секојдневното практикување на Евангелискиот закон го ослободува христијанинот од "лажната побожност". Ова го посочи Папата Бенедикт XVI за време на неделната молитва Ангел Господов од апостолска резиденција во Кастел Ганодлфо. При поздравите на француски јазик Светиот Отец ја изрази својата радост за претстојната неговата посета на Либан од 14 до 16 септември.

Опасноста што се крие зад секоја религија е таа да биде сведена само на една практика и да се заборави да се слушаат Божјите зборови. Така Папата го појасни пред илјадниците верници, собрани се во Кастел Ганодлфо, во неделата евангелскиот извадок. Во кусото размислување Папата се задржа на читањата предложени во неделната литургија во кои во преден план се покажува "темата за Божјиот Закон". Тој, истакна Папата, "се совпаѓа со Словото Божјо, кое го ослободува човекот од неговиот егоизам и го враќа во земјата на вистинската слобода и живот":

"Затоа Законот во Библијата не е виден како тежина или обесхрабрувачко ограничување, туку како највредниот дар од Господа, сведоштво за Неговата татковска љубов, Неговата желба да биде блиску до народот, да биде негов сојузник и да испише со него една приказна на љубовта ".

Но кога Израелскиот народ се утврдува во земјата, ветена му од Бог, рече Папата, Законот Божји се претвора само во едно покриеност:

"Народот ја вложува својата безбедност и радост во нешто што не е веќе Словото на Господа: во богатствата, во власта, во другите" божества ", кои што се празни реалности и идоли".

Се разбира, посочи Папата, Бог и законот даден од Него остануваат, но не се веќе толку важни. Законот не е веќе правило за живот ". На овој начин религијата го губи својот вистински смисол, кој е живот во послушност на Бога и Неговата волја, и се сведува само во практикување на секундарни обичаи, кои ја задоволуваат човечката потреба да се чувствува со чиста совест пред Бога. Тоа е големата опасност, која се крие зад секоја религија и со која Исус се соочи во текот на својот земен живот, но која може да се сретне и во христијанството ".







All the contents on this site are copyrighted ©.