2012-06-28 18:38:52

Бенедикт Шеснаеести на денешната аудиенција: Бог не го сака големењето, туку служењето


Бог е единствениот господар на нашиот живот меѓу многуте "властодршци", кои сакаат да го доминираат. Затоа е потребно да го ставиме на приоритетно место на нашаѕа скала за вредноти. Ова го посочи Папата на денешната генерална аудиенција, повикувајќи се на Пораката на св.Апостол Павле до Филипјаните, една од "најстарите химни на христијанската традиција" и во извесна смисла нејзини "духовно наследство".

"Воздигнувањето кон Бога" се остварува преку "понизноста во службата": со овие зборови Папата го опиша патот наведен од Исуса. "Оној кој се понижи до условите на роб, ќе биде возвеличен и воздигнат над сите работи од Бог Отец ", рече Папата. Патот на Крстот, на озарението и саможртвата, преку "послушноста на волјата Божја", е патот кој го прегрна и Свети Павле. Само тоа ја објаснува неговата радост и смиреност во Посланието до Филипјаните која ја пишува од затвор и "го чувствува приближуваето на смртта", мачеништвото, додаде Светиот Отец. Оттука и заклучокот му дека "Исус Христос го достигна максималниот степен на понижување, бидејќи распетието беше казна наменета за робовите, а не за слободните луѓе":

"Човечката логика, пак, многу често ја бара самореализацијата преку средствата на власта, доминацијата и на моќта. Човекот продолжува со намерата да би ја изградил со сопствени сили Вавилонската кула, за да ја достигне висината на Бог и за да биде како Бог ".

Папата потсети на гестот на Исус кога на Последната вечера кога им ги миеше нозете на Апостолите, велејќи им да го прават истото едни на други, извика: "Бог не ја сака големината, Бог сака себедарувањето во љубовта и служењето":

"Вознесувањето кон Бога се реализира токму во понизноста во служењто, во понизноста во љубовта, која е негова суштина и прочистување и му дава сила на човекот за да може да го види и разбере Бога".

Само ако излеземе од нас самите, можеме да го сретнемеме Бога, додаде Папата, давајќи конкретен пример:

"Во молитвата и врската со Бог, ние го отвараме нашиот ум, срцето и волјата за да Светиот Дух влијае над нас, за да зачекориме во вистинската динамика на животот".

"Молитвата е составена од тишина и од слово, песни и гестови, кои го опфаќаат целиот човек", истакна Папата. И за секој гест, додава една по една мисла:

"Поклонувањето на колена пред Пресветата тајна или клечењто во молитва се израз на нашето однесување и степен на обожување кон Бога, дури и преку телото".

Оттука и заклучокот на Папата дека извршувањето на еден ваков гест не треба да биде од навика, туку плод на длабоко сознание ":

"Кога паѓаме на колена пред Господ, ние ја исповедуваме нашата вера во Него, признавајќи дека Тој е единствениот Господар на нашиот живот".

И за крај, Папата повика да стоиме побожни пред Светата Евхаристија, за да "влеземе со нашиот живот во димензијата на љубовта на Бог, кој се понижи за да не издигне до Него".








All the contents on this site are copyrighted ©.