2012-06-14 11:06:15

Папската агенда во периодот меѓу јули и септември: Св. Миса во Фраскати и Кастел Гандолфо, а потоа патувањето во Либан


Две миси предводени во двете гратчиња во Кастели Романи и очекуваното враќање на Блискиот Исток, ова е во кратки црти папската агенда во периодот меѓу јули и септември. Како што е соопштено од страна на Папскиот уред за литургиски Прослави, мо. монс. Гуидо Марини, Бенедикт Шеснаесетти ќе се оди во пастирска посета на Фраскати во недела, 15 Јули, 9:30 часот, при што ќе претседава со Евхаристиската прослава. Точно еден месец подоцна, на 15 август, на празникот на Успение, Папата ќе ја претседава св. Миса во 08:00, во парохиската црква на Свети Тома од Виланова. По еден месец, и помеѓу 14 и 16 септември, Бенедикт Шеснаесетти ќе лета во Либан во едно големо апостолско патување кое ќе има за цел промулгацијата на пост-синодската Екзортација за Блискиот Исток, како резултат на Специјалното собрание на Синодот кое се одржа во Ватикан од 10 од 24 октомври, 2010 година.







All the contents on this site are copyrighted ©.