2012-05-17 10:27:58

Бенедикт 16-ти: молитвата е дело на Светиот Дух во нас. Апел за семејството кое треба да биде потпомогнато од работата


На генералната аудиенција, во контекстот на Светскиот ден на семејството, Папата Бенедикт 16-ти испрати апел да работата го поддржува и го помага семејството та тоа „да се отвори кон животот“. Овој пат Папата својата катехеза ја посвети на молитвата од посланијата на св. Павле. „Точно е – рече тој – дека ние не знаеме да се молиме на соодветен начин: можеме да бидеме само отворени и секогаш да бидеме подготвени и да очекуваме Бог да го започне дијалогот со нас“.

Светскиот ден на Семејството, прогласен од ОН, кој беше одбележен на 15 мај, му даде повод на Светиот Отец да ги насочи своите мисли кон овогодишните иницијативи насочени кон рамнотежата помеѓу семејството и работата:

„Работата не треба да го спречува семејството, туку треба побргу да го поддржува, да му помага да се отвори за животот и да влезе во контакт со општеството и Црквата. Посакувам Неделата, денот Господов и ден на Пасхата, да биде ден за одмор и повод за зајакнување на семејните врски“.

Во катехезата, истакнувајќи ја молитвата во Посланијата на св. Павле, Папата го објасни значењето на „дарот“ што се содржи во неа. За Апостолот на народите молитвата е „плод на животот, вистинско и животворно присуство на Бог-Отецот и на Иуса Христа во нас преку Светиот Дух. Тоа е „дејство на Духот на Отецот и Синот“, земајќи гово предвид особено посланието до Коринтјаните, Папата објасни дека во молитвата „можме да се отвориме, та нашето време да го оставиме на располагање на Бога“. „Во молитвата – продолжи Светиот Отец – може да ја доживееме, повеќе оддругите животни и христијански вредности, нашата немоќ и беда, нашата суштина на созданието, бидејќи сме поставени пред семоќноста и трансцедентноста на Бога“. Колку повеќе напредуваме слушањето и во дијалогот со Бога, „претворајќи ја молитвата во секојдневен здив на нашата душа“, толку повеќе сме во сознание за нашата ограниченост, „не само пред конкретните секојдневни ситуации, но и во нашиот однос со Господ. „Затоа, во нас расте се повеќе и повеќе „потребата да се верува и да се доверува во Него“.

„Светиот Дух ни помага во оваа наша неспособност, го осветлува нашиот разум и го стоплува нашето срце, упатувајќи ги нашите молитви кон Бога. За св. Павле молитвата пред се е дело на Светиот Дух во нас, кој што се оптоварува со нашите слабости, за да не преобрати од луѓе кои сме приврзани кон материјалното во духовни луѓе“.

Светиот Дух „не се менува“, бидејќи со Неговото присуство се „реализира нашето единство со Христа,затоа што Тој е Духот на Синот Божји, во кој и ние станавме чеда“. Еве зошто, посочи Папата, св. Павле зборува за Духот на Христа, а не само за Духот Божји: „не само Бог отец стана видлив во Воплотувањето на Синот, туку и Духот Божји се појави во животот и делата на распнатиот, умрениот и вескреснатиот Исус“. Духот е тој кој го упатува нашето срце кон Исуса Христа. Со молитвата, инспирирана од Духот, рече Светиот отец, „ние може да надминеме секаква форма на страв или ропство, живеејќи ја вистинската слобода на чеда Божји“. Духот е тој кој што не ослободува од „противречностите во кои живееме“, а не од нашата волја:

„Со молитвата ја чувствуваме слободата дадена од Духот; вистинската слобода, која што е ослободена од злото и гревот за доброто и животот, за бога. Слободата на Духот, продолжи Светиот Отец, не се идентификува никогаш со можноста да го избереме злото, туку со Плодовите на Духот кој што се љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, милосрдие, вера, кроткост и воздржаност. Вистинската слобода се изразува со тоа што навистина ќе ја следиме желбата за доброто, за радоста, за заедништвото со Бога, не оптоварувајќи се со околностите кои не водаат во други насоки“.








All the contents on this site are copyrighted ©.