2012-05-03 07:23:34

Папата на Генералната Аудиенција: заедништвото со Христос на мачениците им дава сила да се соочат со прогонителите


Бенедикт 16-ти вчерашната аудиенција ја посвети својата катехеза за сведоштвото и молитвата на Свети Стефан. Првиот маченик за Црквата – рече Папата на плоштадот св. Петар за време на генералната аудиенција пред повеќе од 40 илјади верници – доби сила да се соочи со неговите прогонители имајќи го со себе Христа.

Свети Стефан, изведен на суд пред Синедрионот под обвинение дека рекол дека Исус ќе го разруши храмот и ќе ги укине традициите пренесени од Мојсеј, сака да каже дека „Бог не живее во живеалишта направени од човечката рака“ (Дела Ап. 7, 48). „Исус – рече Папата – е местото за вистинскиот култ“, новиот храм кој „ги заменува античките жртви жртвувајќи се самиот Себе си на крстот“.

„Новиот храм каде што Бог живее е Неговиот Син, кој зеде човечко тело, т.е човечката природа Христова, Воскреснатиот кој ги собира народите и ги обединува во светата Тајна на Неговото тело и Неговата крв“.

Бог никогаш не е уморен да му оди во пресрет на човекот, „иако често наоѓа кај човекот големо противење“. Телото Исусово – додаде Светиот Отец – е „новиот Божји храм“, „местото каде е присутен живиот Бог“:

„Во Исуса Бог и човекот, Бог и светот се во контакт: Исус врз себе ги зема сите гревови на човештвото за да ги донесе во љубовта Божја и да ги „изгори“ во таа љубов. Да се биде што поблиску до Крстот, да се влезе во заедништво со Христос, значи да се влезе во оваа преобразување. А тоа е да се влезе во контакт со Бога, да се влезе во вистинскиот храм“.

Свети Стефан доби сила да се соочи со своите прогонители „од неговиот однос со Бога, затоа што беше во заедништво со Христа“, „од медитацијата за историјата на спасението“, од неговиот поглед кон делата на Бог-Отецот. Исто така и нашата молитва – рече Папата – треба да биде поткрепена од слушањето на Словото Божјо:

Тој – Синот Божји – е храмот ‘кој што не е направен од човечката рака’ во кој присуството на Бога-Отецот стана толку блиска та да влезе во нашето човечко тело и за да не доближи до Бога, за да ни ги отвори портите на Небото“.

Нашата молитва – заклучи Бенедикт 16-ти – треба да биде „контемплација од Исуса кој е од десната страна на бога, од Исуса како Господ на нашето секојдневно постоење“.

Папата на самиот крај упати срдечен поздрав до верниците од Полска, пристигнати во Рим по повод првата годишнина од беатификацијата на Јован Павле 2-ри: „Сведоштвото од неговиот живот, поуката и љубовта за татковината – рече Светиот Отец – нека останат ваше специјално наследство“.








All the contents on this site are copyrighted ©.