2012-04-09 09:46:49

Велигденска порака на Папата "Кон градот и светот": Со воскресението Исус го победи насилството и злото. Мир за Блискиот Исток и Африка


Со Воскресението Исус го победи "Смртниот јазол" на насилството, лагата и човечката завист, за да го спаси човекот од злото и му подари "нова надеж". Ова го изјави Папата во велигденскито обраќање "Кон градот и светот" ("Urbi et Orbi"), што го имаше околу пладне од централната ложа на ватиканската базилика пред повеќе од 80 илјади верници и поклоненици од целиот свет. Со воскресението Исус дава нешто навистина ново, што ги менува условите на човекот и на светот, истакна Папата, и затоа можеме целосно да Му се довериме, бидејќи Воскреснатиот не му припаѓа на минатото, туку е жив и присутен денес. Воскреснатиот Христос е надеж и утеха за дискриминацијата и прогонуваните заради верата во христијанските заедници, како и за Блискиот Исток, особено во Сирија, каде што продолжува пролевањето на крв и охрабрување за ирачкиот народ по патот на стабилитот и развојот како и во Светата Земја, каде што Израелците и Палестинците треба храбро да го обноват мировниот процес. На крајот, пред да даде апостолски благослов " Urbi et Orbi ", Папата упати велигденска честититка на 65 јазици, вклучувајќи го и македонскиот меѓу, хинди, Тамил, урду, еврејски, арапски и латински јазик.








All the contents on this site are copyrighted ©.