2012-03-26 10:42:30

Папата на Ангел Господов ги доверува на Марија eмигрантите, сиромашните, жртвите од наркодилерите и кризата на вредностите


На Ангел Господов, на крајот од Светата Литургија во Паркот на Бичентенарио во Леон, ја довери Латинска Америка и Карибите на Богородица од Гваделупе повикувајќи ги верниците да не заборават дека “вистинската набожност кон Дева Марија секогаш не доближува до Исуса, а тоа не е некој стерилен или пасионален сентиментализам, ниту некоја одредена лаковерност, но произлегува од вистинската вера“ која објаснува да “се трудиме да го слушаме нејзиниот Син“. Потоа додаде: “Во овие времиња во кој многу семејства се наоѓат разделени и принудени да емигрират, многу страдат заради сиромаштијата, од корупцијата, од семејно насилство, од наркодилерите, од кризата на вредностите или на криминалот, да се обратиме доМарија во потрага по удобност, сила и надеж. Таа е Мајка на вистинскиот Бог, која не повикува да останеме со верата и љубовта под неговата сенка, за да го надминеме така секоје зло и да воспоставиме подбро општество и соживот“: Продолжува текстот од Ангел Господов:

*******
Драги браќа и сестри,
Во Евангелието од ова Недела, Исус зборува за зрното пченица кој пага во земјата, умира и се размножува, одговарајќи на неколку грци кој се доближува до апостолот Филип за да го прашат: “Сакаме да го видиме Исус“ (Јов 12,21). Ние денеска ја молиме Пресвета Марија: “Покажи ни го Исуса“.

Во изговарањето на Ангел Господов потсетувајќи на Благовештението на Господа, исто така и нашите очи се наспчуват духовно се до ридот на Тепејак, местото каде што Богородица, со поднаслов “секогаш блажена и девица Марија од Гваделупе“, е со векови е почитувана, оној знак на помирување и на неограниучената добрина на Бога за светот.

Моите Претходници за Катедрата на Авети Петар ја слават со почестени титули како Госпоѓата од Мексико, Небесниот Патрон на Латинска Америка, Мајка и Царица на овој Континент. Нејзините верни деца, за возврат, што ја зоживееа нејзината помош, ја молат, полни со надеж, со срдечни и семејни имиња како Роза на Мексико, Госпоѓа на Небото, Девица “Морена“, Мајка од Тепејак, Благородна “Индита“.

Драги брака, не заборавајте дека вистинската побожност до Пресвета Богородица нè доближува секогаш до Исуса, и “не се состои во стерилен или минлив сентиментализам, ниту во некоја одредена лаковерност, но доаѓа од вистинската вера, од која се доведени да ја познаеме совршенството на Богородица, и се потикнати до крајната љубов према нашата Мајка и до имитацијата на нејзините доблести“((Lumen gentium, 67)Светлина на народот). Сакајќи ја значи да се трудиме да го слушаме нејзиниот Син; славењето на Гвадалупе значи живеење според зборовите на блажениот плод од нејзината утроба.

Во овие времиња во кој многу семјества се наоѓат разделени и принудени да емигрират, многуи страдат заради сиромаштијата, од корупцијата, од семејсното насилство, од наркодилерите, кризата на вредностите или криминалот, свртувајќи се кон Марија во потрага на удобност, сила и надеж. Таа е Мајка на вистинскиот Бог, која не повикува да останеме со вера и љубов под неговата сенка, така да можеме да ја надминеме секоја болка и да воспоставиме едно општество правно и солидарно.

Со овије чуства, сакам да ги ставам повторно под благиот поглед на Нашата Госпоѓа Марија од Гваделупе ова земја и целата Латинска Америка и Караибите.Ја препорачувам на секого од своите деца на Ѕвездата на првата и новата евангелизација, која ја анимираше со нејзината мајчинска љубов хрстијанската историја на ова земја, давајќи специјални карактеристики на големите настани во историјата. Во време на страдање и на болкам Таа беше молена од многу членови кој, на повиците “ Да Живее Христос Цар и Марија од Гваделупе“, дадоа трајно сведоштво на верноста на Евангелието и на посветеноста кон Црквата. Света марија од Гваделупе нека не благослови и донесе, преку нејзината посредност, изобилна благодет од Небото.







All the contents on this site are copyrighted ©.