Мексико. “Гласиник на мирот“: преставена официалната химна за посетата на Папата
“Гласник на мирот, гласник на љубовта, кој ми дава надеж на моето срце, овој народ
ти е верен“: ова возбудлива официјална химна што ќе го следи Папата при посетата на
Мексико, програмата од 23 до 26 март. Песната, преставена вчера на Мексиканската Бискупска
Конференција, е насловена “Гласник на Мирот“; музиката е на Карлос Лара, додека текстот
е интерпретиран од страна на повеќе пеачи, вклучувајќи ја и италјанката Филипа Џиордано.
“Се надеваме – објаснува органбизацискиот Комитет за посетата на Папата – дека ова
песна на љубовта, со која ќе му се даде добредојде на Папата, може да биде за Црквата
и за Мексиканското општество и за Јузна Америка референтна точка за да се зацврстат
односите на срдечност, солидарност и братството помеѓу фамилијте, пријателите, колегите
воопшто во целото општество“. “Зборовите и музиката на ова химна – рече организацискиот
Комитет – можат да аугурират нови и подобри начини за мир, вера и надеж“. Да потсетиме
дека, завршувајќи ја посетата во Мексико, Бенедикт XVI ќе ја продолжи својата 23 интернационална
апостолска Посета одејќи во Куба од 26 до 28 март. Враќањето во Ватикан предвидено
е за 29 март.