2012-03-11 12:15:22

Се зголемува бројот на католичките верници во Африка и Азија, но се намалува во Европа и Америка


Црквата во Африка и Азија расте: се резултатите во Годишниот Папински извештај во 2012 и Annuarium Statisticum Ecclesiae преставени ова утро на Папата во Ватикан. Двете книги бена уредени од монс. Викторио Форменти, надложен за Централното Биро за Статиустика на Црквата, од професорот Енрико Нена и од други соработници. Присутен кардиналот Државен секретар Тарчисио Бертоне и монс. Анџело Бекчиу, заменик за Државниот Секретариат за Општи Работи. Папата заблагодари на поклонот, покажувајќи голем интерес за прикажаните податоци од кој може да се заклучат некој нови вести за животот на католичката Црква во светот. Книгите ќе наскоро ќе бидат достапни во книжарниците.

Католиците во светот се скоро 1 милијарда 196 милиони, со раст на верниците од 1,3% (статистичките податоци од периодот 2009 до 2010) што значи дека во светот има околу 17,5% католици. Првиот значаен податок покажува дека се намалуват во Јужна Америка (од 28,54% на 28,34%) а особено во Европа (од 24,05% на 23,82%) а се зголемува во Африка (од 15,15% на 15,55%) и во југоисточна Азија (од 10,41% на 10,87%).

Расте бројот на влдици (од 5.065 на 5.104), особено во Африка (+16 нови владици), Америка (+15) и Асија (+12), додека благо опаѓање се догодува во Европа (од 1.607 на 1.606) и во Океанија (од 132 на 129).

Продолжува исто така трендот на пораст на свештениците, кој има позитива од 2000 г.: се зборува за повеќе од 412.000 свештеници (277.009 епархиски, 135.227 монаси) со прествува зголеменост на 1.643. Порастот ја опфака Азија (со +1.695 свештеници), Африка (со +761), Океанија (со +52) и Америка (со +40), додека во Европа се регистрира едн голем пад (-905 свештеници).

Продолжува да расте (+3,7%) бројот на перманентни ѓакони, било епархиски било монашки, преминувајќи од 38.155 на 39.564. Перманентните ѓакони особено се присутну во Северна Америка и во Европа со релативен удел на свецко ниво од 64,3% и 33,2%.

Све враќа во пораст монашките порофеси не свештеници: во 2009 беа 54.229, во 2010 порасна на 54.665. Во остар пад во Јужна Америка (3,5%) и во Северна Америка (0,9%), во мирување се во Европа; монашките професи растат во Азија (+4,1%), каде што се зголемува нивниот удел на свецко ниво, и во Африка (+3,1%).

Во светот се намалува бројот на монахини поминувајќи од 729.371 на 721.935. Падот ги опфака три континенти (Европа, Америка и Оцеаниа), со знацителни негативни промени (-2,9% во Европа, -2,6% во Океанија и -1,6% во Америка). Во Африка и во Азија, сепак, зголемувањето беше многу значајно, околу +2% за двата континети.

Во постојан раст во последните пет години (+4%) бројот на студенти по филозофија и по теологија во епархиските семинари или манастири: поминуват од 114.439 во 2005 на 118.990 во 2010. Опаѓање во Европа (-10, 4%) во Америка (-1,1%) богословите се зголемуват во Африка (+14,2%), во Азија (+13,0%) и во Океанија (+12,3%).

Во 2011 година беа подигнати од Папата 8 нови Бискупски Седишта, 1 Персонален Ординариат и 1 Воен Ординаријат; беа подигнати: 1 Надбискупија и 8 Бискупи и Метрополии, 1 Префектура, 1 Апостолски Викаријат и 1 Апостолска Префектура на Бискупија, 1 Мисија ‹‹sui iuris›› на Апостолска Префектура.

Големата работа за штампање на двете книги беше направена од отец Серџио Пелини С.Д.Б., од Антонио Маџиото С.Д.Б. и од Џусепе Канесо С.Д.Б., Генерален директор, комерциален директор и техницки директор на Ватиканската Типографија.








All the contents on this site are copyrighted ©.