2012-03-08 15:19:59

Божјата тишина главна тема на гереналната аудиенца со Папата


Папата повторно започна со герералните аудиенци на Плоштадот Свети Петар и го заврши својот говор со Исусовата молитвата фокусирајќи се на Исусвата тишина, “многу важен однос со Бога“. Во пост-синодските проповеди на апостолите Verbum Domini–рече тој – направив осврт на улогата што го има молчењетово животот на Исуса, особено на Голгота: «Овде сме поставене испрет Словото за крстот“ ( 1Кор 1,18). Словото замолчува, станува смртоносен молк, и затоа затана молк , не задржувајќи ништо за што се мораше да се комуницира» (н. 12). Испред овој молк на крстот, свети Максим Исповедник ги става на усните на Богородица следните изрази: «Без збор е Словото на Отецот, кој ги создаде сите суштества што зборуват; без живот се изгаснатите очите на оној на кој зборот и на кој со климањето со главата се движи се што живее» (Животот на пресвета Марија, н. 89: Маријни текстови од првиот милениум, 2, Рим 1989, стр. 253).

Така да Папата нагласи дека “Крстот Исусов не го покажува само молкот на Исуса како последен збор на Отецот, но открива исто така дека Бог зборува и преку молчењето: «Божјот молк, искуството на оддалечувањето на Семоќниот и Отецот е клучна фаза во земното патување на Синот Божји, воплотено Слово. Закован на дрвениот крст, се пожали на болката направена од тој молк: “Боже мој, Боже мој, зошто ме остави“ ( Мк 15, 34; Мт 27, 46). Продолжувајќи во послушноста се до последниот здив, во мракот на смрта, Исус го повикува Отецот. На Него се поверува во моментот на преминувањето, преку смрта, во вечниот живот: “Оче, во твоите раце ја предвам мојата душа“ (Лк 23, 46)» ((Esort. ap. postsin. Verbum Domini, 21). Искуството на Исуса на крстот е големо откриување на човечката ситуација која моли и на кулминација на молитвата: по сослушувањето и прознавањето на Словото Божјо, требаме да го испробаме и Божјот молк, важно искуство на самото Слово Божјо“.

Папата објасни дека “динамиката на говорот и молкот, со која се означува Исусовата молитва во целиот свој земен живот, посебно на крстот, го допира исто така и нашиот живот на молитвата во две насоки. Првата е она што се однесува на приемот на Словото Божјо. Потребно е внатрешниот и надворешниот молк за да може тоа слово да биде слушнато. А ова е особено тешко за нас во нашето време. Всушност, нашето е едно време во кое не се фаворизира сеќавањето; наспроти понекогаш се има чуство дека се има страв да се одвои, барем на момент, од цели реки на зборови и слики кој го означуват и полнат денот. Затао во горе споменатат апостолска Проповед Verbum Domini ја спомнав потребата да се едуцираме во вредноста на молчењетро: «Откривајќи го повторно централитетот на Словото Божје во животот на Црквата исто така значи повторно откривање на медитацијата и на внатрешниот молк. Големата традиција на Отците не учи како Христовите таинства се поврзани на молкот и само во него Словото може да живее, како што се случи кај Марија, неразделна мајка на Словото и на молкот» (н. 21). Овој принцип кој без молчењне не се чуствува, не се слуша, не може да се добие ниту еден збор, овој принцип осбено важи за пасторалната молитва, но исто така и за нашите Литургии: да се олесни аутентичното слушање, тие требат да бидат исто така богати со моменти на тишина и на медитација. Важи секогаш осервацијата на Свети Агустино: Verbo crescente, verba deficiunt «Кога Словото Божјо расте, зборовите на човекот ги нема» (цфр Sermo 288,5: PL 38,1307; Sermo 120,2: PL 38,677). Евенгелијата често презентират, особено во клучните одлуки, Исус кој се повлекува целиот во заскриено место од народот и од самите ученици за да се моли во тишина“ и да добиеме “место во самата наша длабоката внатрешност за да живе Бог во нас и остане во нас, бидејќи љубовта за Него се вкорени во нашите умови,срца, души и живот. Затоа првата насока, побвторно да го научиме молчењето за да се отвориме за слушањето, што не отвара према другиот, на Божјите зборови.

“Но постои исто така – продолжи – втора голема релација на молкот со молиутвата. Всушност не постои само нашиот молк за да не подготви за слушањето на Словото Божје; често, во нашата молитва, ние се соочуваме со Божјот молк, имаме чуствуво дека сме напуштени, ни се чини дека Бог нè не слуша и не ни одговара. Но ова Божја тишина, како што се случи кај Исус, не го означува неговото отсуство. Христијанинот знае добро дека Бог е присутен и нè слуша, исто така и во најголемата болка, на отфрлување и осменост. Исус ги уверува учениците и секого од нас дека Бог ги знае добро нашите потреби во секој момент од нашиот живот. Тој ги учи учениците: «Молејќи, не губете време со незнабожците: тие веруват дека бидат утешени заради нивното многу зборење. Не бидете како нив, оти вашиот Отец знае од што имате потреба уште пред да сте се Го помилиле» (Mt 6,7-8). Едно долготрпеливо срце, тивко, отворено е многу поважнбо од многуте зборови. Бог не познава во нашата внатрешност, повеке од ние самите себе, и нè сака: знаејќи го ова треба да ни биде доволно. Во Библијата искуството на Јов е многу важно во овој поглед. Овој човек во многу кратко време губи се: семејството, имотот, пријателите, здравјето; изгледа дека Божјот став према него е оној дека е напуштен. Во тотална тишина. Но Јов, во односот со Бога, се моли на Бога, извикува кон Бога во својата молитва, и покрај сето тоа, ја задржува својата вера и на крај ја открива вредноста на своето искуство и Божјето молчење. И така на крајот, свртувајќи се кон Создателот, заклучи: «те познавав само од другите како зборуват, но сега моите очи те видеа» (Јов 42,5). Ние скоро сите го познаваме Бога само од слушање и кога повеќе сме отворени кон неговиот молк и нашиот, току тогаш ќе почнеме да го познаваме вистински. Ова огромна верба која се отвара на длабокото познавање со Бога е созреана во тишината. Свети франческо Северио молејќи зборуваше на Господа: јас те сакам не заради тоа што можеш да ме го дадеш рајот или осудеш во пеколот, но затао што си мој Бог. Те сакам бидејќои Ти си Ти“.

Папата цитира неколку бранови од Катехизмот на Католичката Црква: «Настанот на молитвата ни е целосно откриен во Словото које станло тело и се населило помеѓу нас. Обидувајќи се да ја свати неговата молитва, преку неговите сведоци што напиша во Евенгелието, и да му се доближиме на нашиот Господ Исус Христос како на грмушката која гори: требаме да го контемплираме додека моли, потоа да слушаме како не учи да се молиме, и на крај да знаеме како тој ни ја слуша нашата молитва» (н. 2598). “И како – се прашува Папата – Исус не учи да се молиме? Во Комендиумот на Катехизмот на Католичката Црква наоѓаме јасен одговор: «Исус не учи како да се молиме, не само со молитвата на Оче наш, сигурно централен момент на неговото учење за како да се молиме, но исто така кога и тој самиот се моли. На овој начин, освен на содржината, ни ги покажува потребните барања за една вистинска молитва: читоќата на срцето, које го бара Царството Божјо и им простува на непријателите; храбра доверба, која оди додалеку од она што го чуствуваме и разбираме; будноста, која ги штити учениците од искушение» (н. 544)“.

“Читајќи го Евенгелието – рече Папата – видовме како Господ е, за нашата молитва, соговорник, пријател, сведок и учител. Во Исуса се открива новитетот на нашиот диалог со Бога: синовска молитва, што Отецот ја очекува од своите деца. И од Исуса учиме како постојаната молитва ни помага да го сватиме нашиот живот, да ги направиме нашите избори, да ја препознаеме и да го приватиме нашиот позив, да ги откриеме Божјите таленит што ни ги даде, да ја исполнуваме секојденвно неговата воља, еднисвен пат преку кој можеме да гооствариме нашиот живот“.

“На нас, често загрижени од оперативната ефикасност и од практичните резултати кој ги следиме – продолжи Папата – Исусовата молитвата ни покажува дека имаме потреба да застанеме, да доживееме интимни моменти со Бога, отцепувајќи се од бучавата на секојдневието, за да слушаме, да одиме во корените кој го одрчават и негува нашиот живот. Еден од најубавите моменти на Исусовата молитва е кога Тој, се соочува со болестите, непријатностите и ограничувањата на своите согворници, се обраќа кон својот Отец небесен во молитва и ги учи тка оние кој се околу него каде треба да го барат изворот за да имат надеж и спасение. Но јас веќе го спомнав, како додирлив пример, Исусовата молитва на гробот на Лазар. Евангелистот Јован раскажува: «Тогаш го трга каменот. А Исус ги подигна очите угоре и рече: “Оче, ти благодарам оти ме послуша. Знаев Јас дека Ти секогаш ме слушаш, но ова го реков заради народот што стои наоколу, за да поверуват дека Ти си Ме пратил“. Кога го кажа ова извика на висок глас: “Лазаре, излези надвор!“ » (Јован 11, 41-43). Но најдлаботата точка на молитвата кон Отецот, Исус ја постигнуваво моментот на Страстите и на Смрта, каде што го искажува своето одлучно “да“ на Божјот план и покажува како човечката воља го пронаоѓа својето исполнување во полната адезија на божествената воља и не во опозицијата. Во Исусовата молитва, во неговото извикување кон Отецот на крстот, конвергираат «сите вознемирености на човештвото од секој тип, роб на гревот и на смрта, сите барања и посредувања на историјата на спасение.... И еве како Отецот ги прифаќа и, надвор од секоја надеж, ги исполнува воскреснувајќи го својот Син. Така се исплонува и се конзумира настанот на молитвата во Економијата на создавањето и на спасението» (Катехизам на Католичката Црква, 2598)“.

И така Папата заврши: “Драги браќа и сестри, самоуверено да бараме од Господа да го живееме патот на нашата синовска молитва, учејќи секојдневно од Единородниот Син кој стана човек за нас, како треба да биде нашиот начин на обраќање кон Бога. Зборовите на свети Павле за христијанскиот живот воопшто, важат исто така и за нашата молитва: «сигурен сум дека ни смрта ниживотот, ни ангелите, ни властите, ни силите, ни сегашноста, ни иднината, ни височините, ни длабошините, ниту пак некоја дрга твар ќе може да нè одели од љубовта Божја во Исуса Христа, нашиот Господ» (Рм 8, 38-39)“.

На крајот од катехизацијата Папата “со братска љубов“ го поздрави Неговото Блаженство Нерсес Бедрос XIX Тармоуни, Патријарх на Киликија, на Ерменските Католици, и на Владиците дојдени во Рим од различни континенти за прославата на Синодот. “Ја изразувам мојата искрена благодарност за верноста кон наследството на преподобната христијанска традиција и на Петровиот Наследник , верност која не подржуваше во многубројните докази во историјата. Се придружувам со искрена молитва и со Апостолски Благослов на синодот, надевајќи се дека тие ќе ги охрабрат уште повеќе униата и разбирањето помеѓу Пастирите, така да тие знаат како да ги водат со обновен евангелски импулс ерменските католици на патиштата на великодушно и радосно сведоштво на Христа и на Црквата. Додека го препорачувам Арменскиот Синод на мајчинското залагање на Пресвета Богородица, ги упатувам моите молитви на Блискиот Исток, охрабрувајќи ги пастирите и сите верници да истрајат со надежта во големите страдања што ги измачува овие народи“.








All the contents on this site are copyrighted ©.