2012-03-07 10:52:16

Православниот Патриарх Вартоломеј I бара слобода за малцинствата во новиот Устав


Документ од 18 страници во кој екуменскиот патриарх бара “потполна слобода“ за малцинствата кој не се муслимани во Турција. Документот беше доставен вчера наутро лично од екуменскиот патријарх Вартоломеј I на крајот од расправата која траеше еден сат со членовите на парламентарната Комисја кои работат на ревизија на турскиот Устав. “Во моментот, документот не може да се објави бидејќи е на проучување кај Комисијата“, кажа од агенцијата Сир извори од екуменскиот патријархат што се нарекуват себеси “јасно задоволни поради тоа што прв пат“ патријархот беше поканет од страна на Турскиот Парламент во Анкара да ги достави своите предлози. Уставната ревизија – објснуват од патријархатот – “сеуште е во почетна фаза“ и надежта е дека сеуште можат да бидат повикани и осбено да го прочитат предлогод пред да биде објавен. “За прв пат во историјата на Републиката –изјави екуменскиот Патријарх на новинарите излегувајки од расправата – малцинствата во Турција добија формална покана даги презентират нивните предлози за нацртот во новиот устав. Нажалост, беа направени неправди врз малцинствата во Турција но сега беа признати и со тоа се раѓа нова Турција. Го напуштаме овој состанок со надеж и сме многу благодарни“. Беше искажана исто така благодарност во официјалната изјавата на Патријархатот во која се наведува дека за време на расправата патријархот можеше да зборува за проблемите на верските малцинствата во Турција барајќи почитување на човековите права, и особено слободата на религијата, свеста и иституцијте“. Во документот од 18 страници, се истакнува потребата да бидат признаени малцинствата “како полноправни граѓани на Земјата“ така да се надминат “дискриминацијата и неправдата од минатото“.

Патријархот беше придружуван со својот тим од партриархатот: помеѓу членовите на делегацијата беше и Емре Октем, професор по право, кој сугериреаше дека новиот устав да го има предвид Договорот од Лизбона, потпишан 24 јуни 2923, со кој се дефинирани односите на турската Држава со не мислиманските верските заедници и со кој се гарантирани правата на христијанската заедница во земјата. Помеѓу барањата које ги содржи документот од патријархатот, стои повторното отварање на Теолошката Училиште во Халки, које работеше се до неговото затварање во 1971 по налог од турските влсти која беше главното теолошко училиште на патријархатот во Константинополи. Многу бројни православни научници, теолози, свештеници и владици и многу други патријархи учеа во таа школа во Халки, вклучувајќи го и патријархот Вартоломеј и неговите претходници: патријархот Димитриус, Атанагорас, и Максимус V.







All the contents on this site are copyrighted ©.