2012-03-05 12:06:23

Советот на Црквата: надбискупот од Кантербери за религијата и човечките права


“Религијата придонесува со основната наука на основните принципи на универзалноста и на слободата“: како што рече вчера надбискупот на Кантербери, англиканот Рован Њилиамс, во посетата на седиштето на екуменскиот Советот на Црквата (Wcc) во Женева. За ова пригода, надбискупот Њилиамс одржа предавање на темата “Човечките права и вероисповеста“: во неа англиканскиот преставник изјави како денес човечките права се гледат само како еден правосуден кодекс врз основа на поединечните побарувања. Сепак важно е да сепотпира на алтернативниот пристап кој има во предвид културни и заеднички аспекти на човечката интеракција, пристап кој е составен дел на верското убедување. “Мисла дека – рече англиканскиот надбискуп – оваа визија треба да биде искористена за да се обиде да се разберат правата во контекстот не на поединечни побарувања, но за меѓусобно признавање помеѓу луѓето“. Во ова смисла, повтори англиканскиот надбискуп, религијата го објаснува мотивот за кој “човечките права се универзални“, или поради тоа што “природата на човекот, создаден според образот и сличноста Божја, бара еднаквост и апстрактна визија на правата, независно од политичките и социални системи“. Потоа, надбискупот Вилиамс даде пример како верскиот јазик за човечкото достоинство помогна во продлабочување на посветеноста кон одбраната на човечките права: “Во минатиот век – додаде – Црквата во Јужна Африка или во Сојузна Република Германија можеби беше најзначаен контекст во кој универзалноста и не преговарањето за човечкиот живот можеше да биде воспоставено и одбрането“. За крај, англиканскиот надбискуп од Кантербури рече дека религијата игра клучна улога во дебатата за човековите права, итот така осигурувајќи дека истиот јазик на правата “не треба да се одалечо од патот на световното признавање“.(I.P.)








All the contents on this site are copyrighted ©.