2012-03-05 13:30:14

Светскиот совет на Црквата: солидарност за Црквите во Сирија


Светскиот совет на Црквата (Wcc) испрати порака за солидарност на христијанските Црквитево Сирија за да ги поддржи во ова време на “огромни предизвици поради секојдневните насилства во Земјата“. “Пораката – се вели во соопштението објавено денеска во Женева и преземена од страна на агенцијата Сир – доаѓа во време кога ситуацијата во Сирија продолжува да се влошува“. Во декенври сириската криза беше во центарот на дискусиите на состанокот на кој беа присутни неколку лидери на 20 Цркви од разлицни христијански традици присутни во Сирија. Пораката дадена денес од Босеј изразува “надежта дека ќе се стави крај на насилството и ќе се живее во национален диалог способен да се излезе од конфликтот, основувајќи процес на слобо базиран на правдата, признавањето на човековите права и човечкото достинство и потребата да се живее заедно во меѓусебното почитување“. “За жал – се чита во пораката – воената акција и протестите се зголемија и насилството се рашири по целата Земја, предизвикувајќи илијадници човечки загуби. Многу луѓе беа принудени да избегат во соседните Земји во регионот“. Wcc изразува особено загриженост за безбедноста на христијаните во Сирија и потсетуват на поднесениот апел од Патријарсите на сиријските Цркви – Игнаци IV, Зака I и Грегориос III – осудувајќи го “секој вид на насилство“ и охрабрувајќи “да не ја загубат надежта“.








All the contents on this site are copyrighted ©.