2011-12-16 17:01:51

Папата Бенедикт 16-ти до украинската делегација по повод предавањето на Новогодишната елка: Зачувајте ги симболите на христијанството


Бенедикт 16-ти, утрово примајки ја делегацијата од украина за предавањето на Новогодишната елка – која оваа година доаѓа од регионот на Задкарпатија – рече дека елката исто така е симбол на „народната религиозност“ и на „христијанските корени на културата“ на Украина. Новогдишната елка, која се наоѓа на плоштадот св. Петар близу Божиќната пештера, висока е над 30 метри и тежи повеке од 5 тона. Дрвото, како и декоја година, ќе биде донирано на организации кои работат за доброволни цели.

„Елката и Божиќната пештера се елементи на типичната Божиќна атмосфера која и припаѓа на духовното наслетство на нашите заедници“. Посебно се создава „атмосфера исполнета со религиозност и семејна блискост – потврди Папата – кои треба да ги зачуваме и во денешното општество, во кое понекогаш се чини да преовладува менталитето за барање на материјални добра“. Дрвото, особено, е сомбол кое е поврзано со животот:

„Значаен симбол е и за Рождеството Христово, зашто со своите секогаш зелени гранки повикува на продолжување на животот. Елката исто така е знак и за народната религиозност на вашата земја и на христијанските корени на вашата култура“.

Папата се надева дека целата украинска христијанска заедница, длабоко зацврстена во сопствените корени, е вдаховена од една обновена желба за радосно сведочење на верата и да ги промовира „вредностите на животот, солидарноста и мирот“.

„Се надевам дека овие корени би можеле да го зацврстат се повеќе вашето национално единство, поттикнувајќи ја промоцијата на заедничките и автентични вредности. Низ вековите, вашата земја беше крстосница на различни култури, место каде што среќаваат духовните богатства на Истокот и Западот".

Светиот Отец повикува да се подготвиме со вера да го прифатиме Создателот на светот кој, постанувајќи дете, „дојде помеѓу нас да го сподели нашиот пат“: „Постана мал за да може да влезе во човечкото срце и на тој начин да го обнови со Својата љубов“:

„Во оваа предбожиќно време, Црквата не повикува да се подготвиме за Раѓањето на Спасителот, интензивирајќи го духовниот пат и односот со Христа. Нашето време има потреба од свети христијани, ентузијасти за својата вера“.

Марија ни е „модел и водич –додаде Светиот Отец – и ни сугерира „еден начин на контемплација“. Пресвета Богородица – додаде Папата – „слуша, надбљудува, чува, медитира, се моли“:

„Колку е потребно да се надохнади вкусот на молитвата! На кој начин треба да внимаваме за да не дозволиме да бидеме совладани од брзиот ритам на животот, кој ни забранува да влеземе во самите себеси и да се најдеме пред прекрасната тајна Божја која живее во нашите срца".

Поздравувајќи ја украинската делегација, на крајот Папата им се обрати на украински јазик со најискрени честитки за Божиќ:

“Запевняю постійну згадку в молитвах за вас, за ваші родини”…

„Ве уверувам дека во молитвите ќе се сетам за вас, за вашите семејства, за Украина и сите Украинци, додека ви го упатувам од срце Апостолскиот Благослов. Среќен Божиќ! Елката на плоштадот ќе биде осветлена во попладневните часови, за време на Екуменската церемонија во присуство на претставници од католичката и православната Црква од Украина.








All the contents on this site are copyrighted ©.