2011-12-08 16:56:35

Папата Бенедикт 16-ти на Генералната аудиенција: Да бидеме среќни потребно е да го сретнеме Бога, а тоа го разбираат само кротките по срце


Едно скромно срце способно е да воспостави доверба со Бога: од оваа срце навистина може да произлезе една христијанска молитва. Тоа го рече Бенедикт 16-ти на вчерашната аудиенција во салата Павле 6-ти, презентирајќи ја на илјадниците присутни таканаречената „химна на радоста“, каде што Господ Исус Христос го благословува својот Отец небесен, бидејќи Неговата порака ја сокри од мудрите и интелигентните, а ја откри на кротките по срце.

Како да му се обраќаме на Бога со една молитва? Следејќи го Исуса. Бенедикт 16-ти јасно кажа мислејќи на „бисерот на Исусовата молитва, која се наоѓа во евангелијата по Матеј и Лука, а која обично се нарекува „Химна на радоста“ или „Химна на месијанската радост“. На почетокот од молитвата Исус користи еден глагол кој значи, објасни Папата, „препознавање во длабочините“, но исто така и „да се најдат во согласност“. Светиот Отец објасни дека Христос ја препознава „потполно делувањето на Бог–Отецот, и , заедно, Исус потполно и свесно се наоѓа во согласност на оваа делување, со планот на Бог–Отецот“:

„Секое познавање помеѓу луѓето – кое сите ние го доживуваме во нашите меѓучовечки односи – се базира на некоја внатрешна врска помеѓу едното и другото лице, во поголема или помала мера. Не може да се познае некој без единство на битјето. Во Химната на радоста, како и во целата молитва, Исус ни дава до знаење дека за вистинското познавање на Бога потребно е да се биде во единство со Него“.

Еве го првиот чекор. Само преку Христа – кој е во совршено единство со Бога – човекот може „да се приближи до Бога“ и да ја доживее радоста да се осети син Божји. Но приближување до Бога, продолжи Светиот Отец, значи познавање на неговите „тајни“, кои Бог претпочитува да не ги открие на сите луѓе, туку на оние кои му се мили:

„Божественото откровение не доаѓа по пат на нашата човечка логика, преку која само мудрите и моќните ги поседуваат поважните познавања и ги пренесуваат на обичните луѓе, на луѓето кротки по срце. Бог користи сосема друг начин: примателите на неговата комуникацја се токму ‘кротките по срце’. Ова е вољата на Бог–Отецот, а и Христос со радост ја споделува таа воља“.

И оваа радост, поделена помеѓу Бог–Отецот и Бог–Синот, се шири и на оние кои, како Исус, се во „согласност со вољата на Бог–Отецот“:

„Исус, затоа, во оваа Химна на радоста ја исполнува вољата дозволувајќи да го препознаат Бога сите оние кои Бог–Отец сака да учествуваат во тоа препознавање; а тие кои го добиваат овој дар, се токму кротките по срце. Но што значи ‘да се биде кротки по срце’? (...) Тоа е чистотата на срцето која дозволува да го препознае лицето на Бога и на Исуса Христа; тоа значи да се има едноставно срце како онаа на децата, скромно на оној кој се затвара сам во себе, мислејќи дека не му е потребна помош од ниеден човек, како ниту од Бога“.

Постои уште еден чекор кој треба да се направи. „Патот на мудроста од Евангелието“, рече Папата, „не е доктрина која треба да се научи или еден морален предлог, туку тоа е Личност која треба да го следиме“, Исус. И Исус, истакна Папата, „се радува во длабочината на својата внатречност, каде што поседува подлабоки тајни: само единството на познание и љубов со Бог-Отецот, исполнето со Светиот Дух“:

„Исто така и ние, со дарот на неговиот Дух, може да му се обратиме на Бога, во молитвата, доверувајќи му се како негови синови, повикувајќи го неговото име, ‘Ава-Татко’. Но потребно е да имаме кротко срце, да бидеме ‘сиромашни во духот’, за да препознаеме дека не сме самостојни, дека сами не можеме да го изградиме нашиот живот, туку имаме потреба од Бога, имаме потреба да Го сретнеме, да Го слушаме, да Му зборуваме.













All the contents on this site are copyrighted ©.