2011-11-17 14:42:13

Папата на генералната аудиенција: псалмите се непроценливи молитви на патот кон Бога


Христијаните треба да научат да се молат со зборовите на псалмите. Ова беше повикот упатен од Папата за време на генералната аудиенција на плоштадот "Свети Петар", кој со катехезата посветена на Псалмот 110 (109), го заврши циклусот за Молитвата преку Псалмите. Псалм 110, изјави Папата, ја слави - со ликот на царот и свештеник Мелхиседек - царствеността на свештенството христово и оттука на победата на Божјата љубов над смртта.

Чувства на радост и тага, сомнежи и страв, кои добиваат одговор и утеха. Тоа е главната карактеристика на псалмите во кои ја наоѓаме целокупната личност на човекот со неговите стремежи и контрадикции. Но во нив го среќаваме и Боаг со неговата милост и сила. Псалмите, изјави Папата , се „бесценети молитви", кои заслужуваат да бидам откриени и пронајдени како сателити во секојдневието на верниците:

"Го нагласувам уште еднаш повикот до сите да се молите со псалмите користејќи го часословот на Црквата, со утринската пофална молитва, вечерната молитва и молитвата пред спиење. На овој начин нашата врска со Бог ќе се збогати за секојдневниот пат кон него и ќе се реализира во радоста и верата".

Псалм 110 (109), изјави Папата, е најцитираниот Псалм во Новиот Завет, бидејќи ја претставува, со инспирирана прецизност, мисијата на Христос на земјата:

"Овој псалам е многу сакан од древната црква и верниците отсекогаш. Најверојатно во почетокот оваа молитва е поврзана со интронизацијата на царевите од Давидовиот род, сепак нејзината смисла поминувајќи преку специфичните историски околности, се пошироки димензии, претворајќи се во пофалба на победоносниот Месија, прославен и стои од десно на Бог Отецот " .







All the contents on this site are copyrighted ©.