2011-11-14 12:08:54

Бенедикт XVI на Ангел Господов: само преку љубовта кон ближните можеме да го следиме патот кој води кон Бог


Евангелскиот извадок за ХХХІІІ недела од годината не повикува да размислуваме над даровите што сме ги добиле и да ги користиме за изградба на Царството Божјо. Тоа го истакна Папата за време на краткото размислување пред неделната молитва ангел Господов и посочи дека Словото Божјо не повикува на умереност, внимателност и на еден активен и примерен христијански живот.

Во познатата парабола за талентите, потсети Папата, Исус зборува за тројцата слуги кои господарот, пред да отпатува на долг пат, им го поверува својот имот. Двајца од нив ги искористуваат и дуплираат добиените добра. Третиот слуга, го полага добиениот талент во земјата. Се враќа од патувањето и господарот е задоволен од свршеното од првите двајца слуги но е разочаран од третиот:

"Овој слуга, кој го криеше талентот без да ја зголеми неговата вредност, направи лоша проценка: тој се однесуваше кон дадениот талент така како да неговиот господар никогаш веќе нема да се врати во својот дом и нема да му побара сметка за неговата работа".

Талентот, додаде Папата, не може да биде одвоен од мисијата доверена од Господа на секој од нас:

"Со оваа парабола Исус сака да ги научи учениците да ги користат добро Неговите дарови: Бог го повикува секој човек кон животот и му дава таленти, истовремено му доверува и една мисија. Неразумно е да се мисли дека овие дарови ни се доделени, но исто така и одбивањето да ги користиме е еден вид на занемарување на целта во сопствениот живот".

Светиот Отец го цитира коментарот на овој евангелски извадок направен од Свети Григориј Велики:

"Тој пишува: потребно е, браќа мои, да се грижите за чување на љубовта во секоја ваша акција". Откако прецизира дека вистинската љубов се состои во љубовта како кон пријателите така и кон непријателите, Свети Григориј додава: ако некој ги игнорира ова добродетелот го губи секое добро што ги има, лишен е од добиениот талент и е исфрлен надвор, во темнината ".








All the contents on this site are copyrighted ©.