2011-11-10 12:24:19

Бенедикт XVI: Божјиот закон треба да се почитува со срцето


Сите сме повикани да го поставиме Бог и "Неговата светa волја" во центарот на нашиот живот, посебно свештениците, кои се "повикани да живеат во Господа и Неговото Слово, што е извор на животот". Тоа беше главниот акцент во катехезата на Бенедикт XVI, која што ја посвети на Псалмот 119 (118). Во своето подлабоко размислување Папата ги повика свештениците да ја преоткријат "убавината и силата" на целибатот.

Долг Псалм, кој со силата на поезијата ја изразува простата и длабоката реалност на верата, дека оној кој го слуша Бога и неговото Слово има живот, надеж, утеха, има сè. Така Бенедикт XVI го претстави, пред илјадници верници и поклоненици на плоштадот Свети Петар ", величествениот и свечен" Пслам 119 со неговите 176 стихови. Овој "единствен од ваков вид" Псалм, изјави Папата, е посветен на големината на божествениот Закон:

"Псалмот 119 е исполнет со љубов кон Божјото Слово. Тој ја величи неговата убавина, спасителната сила, способноста да донира радост и живот. Затоа, божествениот Закон не е тешко ропство, туку дар на Божјата благодат, којшто ја ослободува и води кон среќата ".

Закон, кој нè прави слободни, а не робови. Дева Марија, истакна Бенедикт XVI е првото создание кое ја разбира и живее во полнота таа вистина, таа е "внимателна и љубообилна пазителка" на Словото Божјо и ги учи христијаните како да се однесуваат кон Божјите заповеди:

"Божјиот Закон треба да се почитува со срцето. Тој не бара сервилна послушност, туку синовско, доверливо и свесно почитување. Слушаме дека Словото Божјо е лична средба со Господарот на животот, средба која треба да се преведе во конкретни решенија и да се претвори во пат и студирање ".







All the contents on this site are copyrighted ©.