2011-11-07 11:22:37

Бенедикт XVI: Ќе бидеме судени според стореното милосрдие за време на земниот живот. Апел за прекин на насилството во Нигерија


“Веднаш прекин на насилствата": овој апел го упати Папата на неделната молитва Ангел Господов на плоштадот "Св.Петар". Повод се терористичките напади врз христијаните овие дена во Нигерија, каде што бројот на убиените надминува 150 лица. Папата ја изрази својата духовна близина на жртвите и упати апел за помирување во Нигерија, каде што ескалацијата на насилството сее смрт и уништување:

"Го следам со посебно внимание трагичниот развој на настаните овие дена во Нигерија и се молам за жртвите. Ги повикувам да се стави крај на насилството, кое што не ги решава проблемите, туку ги зголемува, сеејќи омраза и поделба, дури и меѓу верниците".

Папата им се обрати и на жителите на италијанскиот град Џенова, сериозно погоден од поплавите во овие денови, во кои загинаа 6 лица меѓу кои две деца, а материјалните штети надминуваат 7 милиони евра:

"Се молиме за жртвите и семејствата кои што имаат претрпено големи штети. Нека Дева Марија на Благодатта го поддржува населението во Џенова, коешто вложува големи напори за надминување на потешкотиите".

Краткото размислување пред да ја измоли молитвата, Папата го посвети на вечниот живот, нарекувајќи го "поделбена точка меѓу верникот и неверникот или помеѓу они што имаат надеж и они што немаат". Верата во смртта и воскресението на Исус Христос, изјави Папата, повторно е водоразделна линија:

"Ако го отстраниме Бог и Христос, светот повторно ќе пропадне во празнина и мрак. Тоа се потврдува во пројавите на модерниот нихилизам, кој многу често, за жал, инфицира многу млади луѓе".







All the contents on this site are copyrighted ©.