2011-11-03 10:08:01

Папата на генералната аудиенција: по смртта не доаѓа крајот, туку Божјата љубов


На денот на кој што Црквата гиспомнува сите покојни, Папата зборува за смртта и за посмртието. Споменот на покојните, рече Папата во своето катехистично размислување, е своевиден "пат на надежта за вечноста". "Зад сегашноста не постои ништо, имено верата во вечниот живот му дава на верникот сили, за да ја сака силно земјата и да ја гради иднината". Со својата катехеза Папата стана своевиден сателит на оние кои во овие часови поминуваат низ патиштата на гробиштата, барајќи да ги изгаснат мешаните чувства и барајќи го одговорот на прашањето, зошто "смртта инспирира страв". Вечерва, традиционално, Папата ќе ја посети ватиканската крипта за да се поклони пред гробовите на своите претходници, а на 3 ноември ќе отслужи заупокојна литургија за сите епископи и кардинали починати во текот на годината.

"Точно во овие моменти во нас преовладува чувството на отфрлање, зашто не можеме да прифатиме дека сето убаво и големо, што е реализирано во текот на целиот живот, одеднаш ќе се избрише, ќе падне во бездната на ништовноста. Пред се ние чувствуваме дека љубовта претпоставува и бара вечност и дека не е возможно да прифатиме таа да биде уништена само за еден миг со смртта".

Кој се грижи за своите покојни со љубов, продолжи Папата, се обидува "да им подари еден вид втор живот". Се обидува да се соочи со она чувство дека еден ден, на крајот на животот, ќе бидеме судени за делата "пред се за оние темни моменти кои што сакат да ни ги отстранат или се обидуваме да ги отстраниме од совеста":

"Во извесна смисла гестовите на сакање и љубов, коишто го опкружуваат починатиот се начин да го заштитиме, убедени дека тие нема да останат без резултати за време на последниот суд. Ова може да го воочиме во голем дел од културите кои ја карактеризираат човечката историја".

На крајот, синтезирајќи ја катехезата на различни јазици, Папата ги довери младите, болните и младоженците на покровителството на Свети Карло Боромео, архиепископот од Милано, чиј литургиски празник Црквата го слави на 4 ноември. "Свети Карло Боромео - потсети Папата - беше неуморен наставник и водач на своите колеги". Нека неговиот пример, заврши Светиот Отец ", ви помогне вам драги млади, за да дозволите Христос да ве води во вашите одлуки е да Го следите без страв. Да се залага за вас, драги болни, за да ги принесете своите страдања за пастирите на Црквата и спасението на душите и да ве поддржува вас, драги младоженци, во благородната служба на животот".







All the contents on this site are copyrighted ©.