2011-09-30 14:00:00

Бенедикт 16-ти на Генералната аудиенција: Во Германија го видов младото лице на Црквата и радоста да се биде католици


Црквата во Германија е жива и има едно „младо лице“. Ентузијазмот со кој се врати Светиот Отец во Рим од неговото неодамнешно апостолско патување во Германија беше ист кој Папата во утринава го објави на илјадници верници кои беа насобрани за време на Генералната Аудиенција на плоштадот Свети Петар. Папата оваа катехиза ја посвети на различните фази од патувањето, означено – рече тој – со „интензивни и прекрасни денови“.

Едно патување „од север кон југ, од исток кон запад“, од Берлин кон Фрајбург, за да се осети помеѓу католиците „радоста“ да се биде католици, за да се потврди во верата германската Црква и да се принуди на една поголема слобода од „материјалните потоварувања“, за да повеќе се зацврстат и да бидаат попријателски екуменските и меѓурелигиозните односи, како и институционалните. Три дена по враќањето од неговата татковина, Бенедикт 16-ти на Генералната Аудиенција ја образложи четиридневната апостолска посета во Германија, дефинирана – како Светскиот Ден на Младите во Мадрид – „голем празник на верата“. Но, за разлика од малдинскиот собир во август, Папата ги помина своите први чекори во Берлин со еден повисок институционален профил, симболизиран со говорот во Бундестагот, прв говор одржан од еден папа, во рамките на германскиот парламент:

Во оваа прилика сакав да ја изложам основата на правото и на слободната држава во однос на правото, т.е. степенот на било кое право, запишан од страна на Создателот во самото битие на неговото створение. Затоа потребно е да се прошири нашиот концепт на природата, разбирајќи ја не само како еден збир на функции, но нешто повеќе како јазик на Создателот кој ни помага да го спознаеме и разликуваме доброто од злото“.

Берлин беше исто така место каде што се допира еволуцијата на односите на Црквата со Јудеизмот и Исламот во Германија, но посебно со муслиманскиот свет околу важноста на „верската слобода за мирен развој на човештвото“. Од главниот град Светиот Отец замина за Тирингија, „земјата на протестанската реформа“, и таму се сретна со лидерите на Евангелистичката црква, поточно на местата каде што живееше Лутер и повтори за должноста кои ја имаат христијаните со сведочењето на Христа во светот:

„Потребен е нашиот заеднички напор во патот кон целосното единство, но секогаш сме свесни дека не можеме ништо да ‘направиме’ ниту во верата ниту во единството толку многу посакувано. Една вера создадена од нас нема никаква вредност, и вистинското единство е подарог од Господ, кој молеше и сеуште моли за единството на своите ученици. Само Христос може да ни го подари тоа единство, и ќе бидеме секогаш пообединети доколку се враќаме кон Него и дозволуваме да бидеме трансформирани од Него“.

Во регионот на Ајхсфелд, особено во светилиштето на Света Марија во Ецелсбах, Папата ја доживеа реалноста каде што христијаните кои се прогласувале за такви, во минатото значело спротиставување на нацистичките и комунистичките угнетувања. Вечерната молитва пред светилиштето, како и Мисата пред катедралата во Ерфурт придонесоа, рече Папата, јасно да се види силата на Светците, како и на многу непознати, кои ја имаа за да го сменат светот во кој што живеат:

„Трогната беше исто така и кратката средба со монс. Херман Шајперс, последниот свештеник сеуште жив кој што го преживеал концентрациониот логор во Дахау. Во Ерфурт имав можност да се сретнам со неколку жртви на сексуалната злоупотреба од страна на религиозните лица, сакајќи да ја споделам мојата тага и мојата блискост на нивното страдание.“

Приемот во Фрајбург, со илјадници млади соединети во молитва заедно со Светиот Отец, го направи особено среќен:

„Среќен бев кога видов дека верата во мојата Татковина има младо лице, дека е жива и има има една иднина (...) Им повторив дека Папата е уверен во активната соработка на младите: со благодатта Христова, тие се во состојба да го донесат во светот оганот на Божјата љубов“.

Во Фрајбург, продолжи Светиот Отец, католичката Црква и православните Цркви можеа да живеат моменти на „братска атмосфера“. „Се чувствуваме многу блиски“ до нив, повтори Светиот Отец, и оваа „широка заедница“ е една одговорност за „обновување на нашето општество“. Последната забелешка, Бенедикт 16-ти ја даде во говорот посветено на живите сили на германската Црква, меѓу другото карактеризиран со предлог на голема медиумска реакција, но исто така и со поширок опсег на една помесна Црква:

„Зборував на илјадници католици вклучени во Црквата и општеството, размислувајќи околу неколку активности на Црквата во едно модерно општество, на повикот да биде ослободнена од материјалните и политичките оптоварувања та да биде поголема траспарентноста на Бога“.










All the contents on this site are copyrighted ©.