2011-07-28 14:52:47

На Ангеловиот Поздрав, сеќавајќи се на атентатите во Норвешка, бара секој да се откаже засекогаш од омразата и да се избегнува злото


„За човекот најважно од неговиот живот е напорот за да го заслужи Царството небесно“. Ова е покана и во исто време и „наша обврска“ да се запомнат во сите околности на животот, за време на работата, за време на молитвата и за време на одморот. Тоа Бенедикт 16-ти го рече на неделниот Ангелов Поздрав, нагласувајќи дека човекот треба да биде предводен „од совеста која секогаш е отворена за вистината и чувствителна на правдата за служба ба Царството Божјо.“ По молитвата, Папата потсети за терористичките напади во Норвешка.

Светиот Отец, за нападите во Норвешка прати итна жалба и ја изрази својата длабока тага:

„Уште еднаш за жал ни доаѓаат вести за смртта и насилството. Сите чувствуваме длабока тага за големиот терористички напад кои се случија минатиот петок во Норвешка. Да се молиме за жртвите, повредените и нивните најблиски. Уште еднаш сакам да повторам да засекогаш да се откаже секој од омразата и да го избегнува злото".

Светиот Отец ја изрази својата блискост на норвешкиот народ кој беше погоден „од безмисленото насилство“ и исто така испрати порака на сочувство до кралот на Норвешка Харалд В. Во пораката Светиот Отец ги повикува норвеѓаните „да бидаат духовно обединети во цврстата намера да ја отфрлат омразата и конфликтот“ и без страв да работат заедно „за изградба на иднината на меѓусебното почитување, салидарността и слободата за генерациите кои доаѓаат“.

На ангеловиот поздрав, папата Бенедикт 16-ти се фокусира на фигурата на кралот Соломон кој не му бара на Господа долг живот, богатства или уништување на непријателот, туку кротко срце, „за да биде способен да ја дели правдата“ на народот и „да го разликува доброто и злото“. Господ му ја исполни молитвата и Соломон стана познат низ целиот севет „по неговата мудрост и неговата праведна пресуда“. Но што значи да се има скромно „срце“?:

„Знаеме дека „срцето“ во Библијата не претставува само еден дел од телото, но центарот на една личност, седиштето на неговите намери и неговите одлучувања. Би можеле да кажеме: тоа е совеста. ‘Послушното срце’ значи совеста која знае да слуша, која е чувствителна на гласот на вистината, и затоа е способна да го разликува доброто од злото".

Во случајот на Соломон – додаде Папата – барањето на „ едно послушно срце“ е мотивирана од одговорноста да го води народот на Израел, народот кој Бог го избра преку кој ќе го манифестира на светот неговиот план на спасението:

„Царот на Израел, сепак, треба секогаш да биде во согласност со Бога, слушајќи го неговиот Збор, за да може да го води народот по патот Господов, по патот на правдата и на мирот".

Но примерот на Соломон важи за сите:

„Секој од нас има совест на некој начин да биде ‘цар’, т.е. да го исполуна секое човечко достоинство правејќи добро и избегнувајќи го злото. Моралната совестбара способност да го слуша гласот на вистината, да се биде послушен на нејзините упатства".

Примерот на Соломон треба да блесне посебно во оние кои имаат институционални и политички одговорности:

„Лицата кои се во владата имаат поголема одговорност, и затоа – како не поучува Соломон – имаат уште поголема потреба од Божја помош. Но секој има свои одговорности , во конкретната ситуација во која се наоѓа".

Папата изјави дека секој мора да се потпира на совеста и секој да биде способен да прави разлика меѓу доброто и злото:

„Погрешниот металитет не поттикнува да бараме од Бога некои работи или услови за услуга; всушност, вистинскиот квалитет на нашиот живот и на социјалниот живот зависи од совеста на секој поединец, од способноста на секој кој го распознава доброто, одделувајќи го злото, и трпеливо се обидува да го изврши и така да придонесе за правдата и мирот".

На крај Папата ги повика сите да го следаат Исуса:

„Сите ве повикувам да го следите Исуса, вистинското богатство од секојдневниот живот. Пријатен неделен ден на сите. Од срце ви благодарам за вашите молитви. Господ да ве благосови".







All the contents on this site are copyrighted ©.