2011-07-05 08:36:36

Не на арогантноста и на успехот по секоја цена: така Папата го покажува патот на љубовта Христова, сеќавајќи се на многу сиромашни и на многу незадоволни богаташи


Не на арогантноста и на успехот по секоја цена: така Папата го покажува патот на љубовта Христова на човештвото во кое „многу луѓе се угнетувани од материјални потешкотии, помеѓу кои, многу од нив имигрирани“, и „многу луѓе богати незадоволни, дури и депресивни“.

„Вистинскиот лек за раните на човештвото, било материјалните, како гладот и неправдата, било оние психолошките и моралните предизвикани од лажна утеха, е нормата на животот базирана на братската љубов, која свој извор наоѓа во љубовта Божја“. На тој начин Бенедикт 16-ти му зборуваше на денешното човештвото земајќи дел од евангелието по Матеј каде што се зборува за „кога Исус одеше по Галилеја, нагласувајќи го Царството Божјо и лекувајќи многу болни, чувствуваше сожаление за народот, бидејќи беа уморни и беспомошни , како овци без пастир“. Исус од овој народ бараше само кроткост и смирено срце, како и на народот од денешно време, рече Папата:

„... толку многу луѓе оптоварени се со тешки услови за живеење, но исто така многу од нив не наоѓаат значење и цел на својата егзистенција".

Папата зборуваше за сиромашните и богаташите:

Многумина беспомошни се наоѓаат во посиромашните Земји, но и во побогатите Земји има многу луѓе кои се незадоволни, дури и болни од депресија".

Светиот Отец особено се потсети и на оние кои имаат драматичен живот како што е миграцијата:

„Да помислиме и на бегалците, кои емигрирајќи рискираат со својот живот".

Исус дава шанса за „обнова“, но под еден услов: да се прегрне законот на љубовта:

„За тоа потребно е да се остави патот на арогантноста, на насилството со кои се обезбедuvaат позиции на поголема моќ, се осигуруваат успеси по секоја цена".

Неколку зборови и за амбиентот:

„Исто така и према амбиентот потребно е да се откаже од арогантноста која доминираше во последните векови и да се присвои една кроткоста".

Постојат и човечки односи во кои – рече Папата – не може да се заборави достоинството на секоја личност:

„Во човечките односи пред се нормата на почитта и на ненасилството, т.е. силата на вистината е онаа која може да осигура иднина достојна на секој човек".







All the contents on this site are copyrighted ©.