2011-06-20 15:09:21

Бенедикт XVI во Сан Марино: Верата е вистинското богатство на човекот пред хедонистичките модели на модерното општество. Апел за пристоен живот за бегалците


Современата хедонистичка култура нуди модели кои се "замаглување за разумот и му се закануваат на моралот. Владее убедувањето и искушението дека богатството на човекот не е верата, туку неговата лична и социјална власт, неговата интелигенција, култура и способност за научна, технолошка и социјална манипулација на реалноста ". Тоа го истакна Папата Бенедикт XVI во својата проповед на стадионот на Серавале, за време на апостолската посета на Република Сан Марино. Папата е втор Папа по историската посета на Јован Павле Втори пред 30 години во најстарата Република во светот.

Папата беше пречекан од црковните и граѓански власти и од огромната радост на повеќе од 22 илјади верници од Сан Марино, како и од соседните региони. Во првото слово Светиот Отец ги повика верниците да се вратат кон верата, бидејќи таа е вистинското богатство за човекот.

Во поздравното слово упатено кон Папата епископот на Сан Марино потсети на античката историја и славните христијански корени на најстарата република, како и 17 вековната историја на локалната Црква, родена од евангелизаторското дело на двајцата светци Марини и Лав, по потекло од Хрватска. Сепак, истакна епископот, современата култура на сомнежот ја расне во народот загубата или воочливото слабеење на верата. Монс. Црнци изрази уверување дека посетата на Бенедикт XVI ќе помогне за утврдувањето на верата, идентитетот и мисионерската склоност на верниците во епархијата на Сан Марино.

Во својата проповед, Папата ја изрази својата духовна близина со целата заедница, ги охрабрени постојано да ги сведочат човековите и христијански вредности, длабоко вкоренети во верата и историјата на оваа територија и нејзиниот народ. Папата потсети на празникот на Света Троица, кој што Црквата го слави оваа недела и кој што насочува кон љубовта, содржани во оваа прва и најголема тајна на христијанската вера. "Отец, Син и Свети Дух се едно, бидејќи Бог е љубов - рече Папата: Отец даде се на Синот; Синот доби со благодарност се од Отецот, а Светиот Дух е плод на взаемната љубов на Отецот и Синот".








All the contents on this site are copyrighted ©.