2011-06-13 10:36:55

Педесетница. Папата: Да молиме од Светиот Дух за нови мисинерски звања


Педесетница е знак на заедништво и љубов посилна од поделбите. Преку Светиот Дух, испратен од Исуса, се отвораат нови хоризонти кои не приближуваат едни кон други. Без Светиот Дух, "Црквата би се претворила во чисто човечка организација, утежнена од нејзините структури" и затоа, таа секогаш треба да го поддржува живиот спомен за нејзиниот почеток, за "изненадувачка инвазија на нејзиниот живот со огнот на Светиот Дух, кој што ја прави мисионерска, ја најавувам радосната вест за спасувачкото дело на Исус Христос. Тоа го рече Папата за празникот Педесетница, кој што Црквата го слави на 12 јуни, славејќи го слегувањето на Светиот Дух над учениците, притоа побара од современите верници да станат неуплашливи Христови сведоци.

Обврската на Црква е "постојано да ја пренесува" божествената љубов "благодарение на изворот на активност на Светиот Дух", вели Бенедикт XVI по повод 40 години од соборниот декрет "Ad Gentes". Поради тоа, нагласува Папата, секој христијанин треба да биде мисионер, секој крстен е повикан да го навестува Евангелието на сите народи. Тоа не е "нешто доброволно, туку е вистински повик кон Божјиот Народ".

"Мисијата ја обновува Црквата, ги зајакнува верата и христијанската припадност". Тоа го пишува Папата во овогодинешното Послание за Светскиот ден за мисијата, цитирајќи еден извадок од "Redemptoris Missio" на Блажениот Јован Павле Втори со кој сака да ја нагласи мисионерскиот природа на Црквата. Како последица од тоа, пишува Папата, Црквата "не може никогаш да се затвори во себе. Христијаните, како и учениците за време на вечерата во Маслиновата гора, поттикнати од Светиот Дух се повикани да ја навестуваат Благата Вест.







All the contents on this site are copyrighted ©.