2011-06-06 09:46:51

Папата на хрватските семејства: заштитете го животот и покажете ја убавината на брачната и христијанската љубов


Семејството во Хрватска, како и на други места во Европа ", се соочува со тешкотии и закани" и затоа има потреба да биде "евангелизирано и поддржано. Тоа го изјави Папата за време на големата литургија, која што ја отслужи во неделата на хиподромот во Загреб по повод Националниот ден на Семејството. Во современото европско општество, обележано со секуларизацијата и емаргинализацијата на Бога, рече Папата, верниците не треба да подлегнуваат на "секуларизираното размислување, кое што им го нуди соживотот, како форма на подготовка или дури како замена за бракот", туку да ја сведочат убавината на брачната и христијанската љубов.

Папата беше пречекан од повеќе од 400 илјадници воодушевени верници кои го исполниа целиот хиподром, кој се наоѓа на неколку километри од реката Сава. Притоа беше поздравен од околу илјада свештеници и шеесетина епископи од цела Хрватска и од соседните земји. Бенедикт XVI упати порака до христијанските семејства, нарекувајќи ги "ресурс" од суштинска важност за воспитување на децата во верата, за "изградба на Црквата како заедница и нејзиното мисионерско присуство во сите сегменти на животот.

Папата ги повика семејствата да бидат "храбри": "да не се потчинуваат на секуларниот менталитет - истакна Светиот Отец - кој што сака да ни го предложи соживотот, како подготовка или дури како замена за бракот", бидејќи "е возможно да се сака, како Христос сака и без резерви "и без страв" да се има поверение еден кон друг ".








All the contents on this site are copyrighted ©.