2011-03-25 15:41:41

Украина: Монс. Свјатослав Шевчук е новиот архипископ на Киев-Халич


Во согласност со канонот 153 од канонското право за источните цркви Папата го потврди Монс. Свјатослав Шевчук, за епископ на Киев-Халич, кој беше избран каконски на 23 март 2011 од Синодот на епископите на грчко-католичката Црква во Украина, Соопшти денеска ватиканскиот прес-центар кој претстави и кратка биографија на новоизбраниот архипископ: „Негото Блаженство Свјатослав Шевчук е роден на 5 мај 1970 во Стрии, во регионот на Лвов. Ракоположен е за свештеник на 26 јуни 1994 година. Во 1999 го одбранува докторатот по Морална теологија на Папскиот универзитет „Свети Тома Аквински“ во Рим. Во 2001 е назначен за заменик ректор на Богословскиот факултет на Богословската академија на Лвов, од 2001 до 2007 е заменик ректор на семинаријата „Свети Дух“ во Лвов, а од 2007 е нејзин ректор. На 14 јануари 2009 Светиот Отец Папа го именува за титуларен епископ на Кастар Галба и помиши епископ на Епархијата на „Пресвета Богородица Заштитничка“ во Буенос Аирес, Аргентина. На 7 април 2009 е воздигнат во епископски чин. На 10 април 2010 е назначен за апостолски администратор на Епархијата „Пресвета Богородица Заштитничка“.







All the contents on this site are copyrighted ©.