2011-03-25 15:40:30

Папата: светот има потреба од мир и миротворци


Денес светот има потреба од мир. Тоа го рече Папата во својата катахези на генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар, која ја посвети за животот и личноста на Свети Лоренцо од Бриндизи, црковен учител и голем евангелизатор во ХVІ век. Овој светец, истакна Папата, ги учи денешните христијани како да ја заштитат Христовата порака од
„верската рамнодушност”.


Христијанинот не е достоен де се нарекува таков, ако не сведочи за мирот. Во секоја епоха тоа христијанско сведоштво секогаш е потребно. За Папата, Свети Лоренцо е капучински монах, исклучителен научник, полиглот и активен проповедник, ја познавал добро Библијата, истотака и еврејската литература, што предизвикува восхит и почит меѓу најдобрите научници Евреи. Како добар следбеник на Свети Франческо од Асизи, рече Папата, "монахот е човек на мирот”, кој сведочи за него каде и да се наоѓа или испратен:


„Денес, како во времето на Свети Лоренцо, светот има потреба исклучително много од мирот, потребни се мирни мажи и жени и мировници. Сите верници требаат секогаш во Бог да бидат извор и носители на мирот”.


Папата посочи дека еден од квалитетите на Свети Лоренцо е неговата способност да биде разбиран од обичните луѓе, благодарение на „неговиот јасен и едноставен начин на изразување”. Овој начин за објаснување на Евангелието, кое е вродено во Капучинскиот и другите религиозни редови во неговото време, кои придонесоа за обновување на општеството, повикувајќи ги христијаните на „редослед во животот ” со исповедувањето на верата:


Исто и денес новата евангелизација има потреба од добри подготвени апостоли, напорно и храбро за да можат светлината и убавината на Еванфелието да преовладува на културните струења на вниманието на етичкиот релативизам и над верската рамнодушност. Само така на различни начини на размислување и дејствување може да се претвори во вистински христијански хуманизам”.


Свети Лоренцо е сведок и голем гласник на мирот, истотака е човек на молитвата, продолжи Папата. Токму молитвата треба да зазема важно место во животот на денешните свештеници, бидејќи таа е
„најважниот момент во животот на свештеникот” и го штити од моментите на отстапување и конфузија:


По примерот на светците, секој свештеник, како што беше истакнато не еднаш во годината на свештениците, може да ја избегне опсаноста од прекумерен активизам само ако се грижи за својот внатрешен живот. Ако внатрешно не сме во заедништво со Бог, не можеме да подаруваме ништо на ближните. Затоа, Бог секогаш треба да стои на прво место”.


Папата посочи уште една каратеристика од животот и личноста на Свети Лоренцо – способност да диалогира. Во Германија, која во тоа време е завладеана од лутеранството, благодарение на својот квалитет, Светителот водеше „илустрирана и на прав начин католичката доктрина” христијаните пристапија во Реформата. Свети Лоренцо, истакна Папата, покажува „библиската и патристична основа на сите спорни елементи на верата” ставени во преден план од протестанството. Меѓу нив се „приматот на Свети Петар и неговите наследници, божественото потекло на епископството, оправдувањето како внатрешно преобразување на човекот и потребата од добрите дела за спасението” .


Успехот во кој ужива Свети Лоренцо ни помага да сознаеме дека и денес за водењето на икуменскиот дијалог со надеж и ентузијазам потребно е споредување На Светото Писмо во црковната традиција, бидејќи тоа е незаменлив и основоположен елемент за неговиот успех, како повик во апостолското охрабрување Verbum Domini“.







All the contents on this site are copyrighted ©.