2011-03-11 17:13:40

Папата на генералната аудиенција : постот е воздржување од злото и живот според Евангелието


„Големите пости се патот на кој го придружуваме Исус, искачувајќи се до Ерусалим: местото каде ќе биде исполнета тајната на Неговото страдање, смрт и воскресение”. Ова го изјави Папата на генералната аудиенција која се одржа денеска во Ватикан и која се совпаѓа со почетокот на Великиот Пост – Пепелна Среда. Папата ги повика верниците да влезаат во великопостното време со секојдневно преземање на својот крст и да го следаат Христос.


Ова е поклонничество на верата, изјави Папата, не
„потсетува дека христијанскиот живот е пат кој треба да се изоди. Тој се изразува не толко во почитувањето на законот, него во самата личност на Христос, која треба да ја сретниме прифатиме и следиме”. „Исус ни кажува: „Ако некој сака да оди по мене, нека се откаже од себе, да го зеде својот крст и да ме следи”:


Црквата знае колко е тешко, поради нашата слабост, тивко да застанеме пред Бог и да ја признаеме нашата состојба на создавање кои зависат од Него, грешниците имаат потреба од Неговата љубов, затоа во Великопостното време таа не повикува кон една верна молитва и на подолго размислување над Словото Божјо”.


Бенедикт ХVІ потсети дека пред се Литургијата е таа што не води по патот со Господ, за да се потсетиме на настаните, подарок на нашето спасение. Но, тоа „не е само сеќавање или спомен од минатите факти”, истакна Светиот Отец, затоа овие гестови во црквата
„спасувачки настани стануваат актуелни”:


Учеството во литургијата значи да го потопиме нашиот живот во тајната на Христос; да се изоди патот преку кој влегуваме во Неговата смрт и воскресение, за да добиеме вечен живот”.


Светиот Отец го сврте своето внимание на „посебната врска меѓу Великопостното време и Крштението, перку кое човекот се одрекува од гревот и станува учесник на новиот живот со Воскреснатиот Христос. Оттука и повикот на Папата на верниците да се подготват достојно за пасхалната тајна, почитувајте ги традициолните практики на постот, милостиња и молитва.


Постот не е само апстиненција од храната, но се изразува и во „ други форми на воздржување за еден умерен живот”, рече Папата. Тоа е „надворешен знак на една внатрешна реалност; на нашиот напор, со Божја помош, да се воздржуваме од злото и да живееме според Евангелието”. Милостињата, не е само за „богатите и имотните”, но исто така и за оние кои живеат во „скромни и сиромашни услови”, бидејќи „и покрај неравноправноста во сопственоста на материјалните добра, сите можат да бидат еднакви во милосрдието и чуствата на душата”. Молитвата се карактеризира со „смирение и љубов во постот и милостињата, да се воздржуваме и да ги простуваме навредите, што станува извор на добрите нешта, заборавајќи ги лошите”:


Драги пријатели, нека во тоа Великопостно време да сме внимателни, да го слушаме повикот на Христос и да го следиме поодлучно и доследно, обнобубајќи ја благодатта и да ги преземиме обврските при Крштението. Да го напуштиме стариот човек во нас и да се облечеме во Христос, за да можиме да дојдеме обновени на Пасхалната ноќ и да кажиме заедно со Свети Павле:
веќе јас не живеам, туку Христос живее во мене”. Лесни пости на сите!”.







All the contents on this site are copyrighted ©.