2011-03-07 17:21:40

Папата: „смртта на Шабхаз Бхати да ја разбуди човечката совест за заштита на верските слободи”. Апел за помош и поддршка на либискиот народ


На неделната молитва Ангел Господов, Папата почна со трогателни зборови за смртта на пакистанскиот министер Шабхаз Бхати, убиен на 2 март од страна на група исламски фундаменталисти. Светиот Отец изрзи надеж, смртта на пакистанскиот политичар да ја разбуди свеста на луѓето на одговорност и заштита на верските слободи. Папата ги насочи своите мисли и кон Либија, погодена во последните недели од вооружени судири, уверувајќи се во својата духовна близина на народот. Пред апелот Папата се задржа и на централното место на Божјото Слово во животот на секој христијанин.


Папата е близу до сите христијани е нехристијани кои страдаат поради насилството и рече дека следи „ со постојаност и со голема загриженост неправдата” на кои сме сведоци овие денови во различни земји на Африка и Азија. Папата повикувајќи се на смртта на пакистанскиот министер католик Шабхаз Бхати, убиен, бидејќи се противаше на законот за богохулството:


Само од Господ Исус, Жртвата на пакистанскиот министер Шабхаз Бхати, да разбуди во совеста на луѓето, храброст и напор за заштита на верските слободи, па да се промоцира нивното еднакво достоинство”.


Папата го изрази своето внимание и духовна близина за страдањата на либискиот народ во последниве недели:


Моите мисли ги упатувам и кон Либија, каде што во сегашните судири загинаа многу луѓе и предизвикаа една голема хуманитарна криза. Сите жртви и оние кои се наоѓаат во тешки ситуации ве спомнуваам во моите молитви и во духовна близина и ги повикувам за поддршка и помош за настраданото население”.


Пред молитвата за министерот Бхати и апелот за Либија, Папата се задржа и на неделното Евангелие, која ја претставуваа приказната за двете куќи: една изградена на карпа, друга на песок:


Во секоја епоха и на секое место, тој сто има благодет да се сретне со Христос, попрецизно при читањето на светото евангелие, останува маѓепсан, Свесни сме дека во неговото проповедуње, гестови и Личност, Тој ни го открива вистинскиот лик на Бога. Истовремено, Тој ни ја открива нашата вистинска природа, која предизвикува во нас радост дека сме чеда на Отецот, кој е на небесата и ни покажува одржлива основа врз која да го изградиме нашиот живот”.


„Ние на што сакаме да го изградиме нашиот живот? Кој може навистина да одговори на овој немир во човечкото срце? Христос е карпата на нашиот живот! Тој е вечното и конечно Слово, што не се плаши од катастрофи, тешкотии и лишување”.


Почитувани браќа и сестри, ве повикувам да оделете секој ден време за Словото Божјо, да се полнете од него и да размислувате постојано над него. Тоа е исто така драгоцена помош која не штити од еден површински активизам, кој ја задоволуваа привремено нашата гордост, но потоа не остава празни и незадоволни”.








All the contents on this site are copyrighted ©.