2011-02-23 17:36:51

На генералната аудиенција Папата зборуваше за св. Роберто Белармино: не постои вистинска реформа на Црквата без индивидуална реформа


На генералната аудиенција во салата Павле 6-ти, Папата посебно го истакна св. Роберто Белармино, кардинал исусовец и Доктор на Црквата, кој меѓу XVI и XVII век се заложи да го зајакне идентитетот на католичката Црква во однос на протестанската Реформа. На самиот крај од аудиенцијата Папата го благослови „Бенедиктинскиот Факел на Мирот“, кој наредниве денови од Норча ќе биде испратен во Англија како знак на помирување и солидарност помеѓу нациите.


Пастир на душите, крепок човек и модел за молитва: Папата Бенедикт 16-ти ги истакна овие основни карактеристики на св. Роберто Белармино, кој преку своите теолошки и спиритуални дела по завршетокот на Концилот во Тренто одигра важна улога во Црквата одговорајќи на протестанската Реформа, потчинета „од една сериозна политичка и верска криза“:


„Тој ги избегнуваше сите агресивни аргументи против идеите на Реформата, но користејќи ги овие од Преданието на Црквата, на јасен и ефикасен начин ја објасни католичката доктрина".


Член на многу Конгрегации, кардиналот имаше исто така и дипломатски обврски, и затоа, рече Папата, тешките канцеларијски задачи „не го спречија да тежнее секојдневно кон светоста“. На тој начин ја нагласи неговата посветеност кон проповедта:


„Во неговата проповед и во неговите катехизи видливи се истите суштински карактери од едукацијата на св. Игнатиј, целата насочена за концентрирање на силите на душата кон Господ Исус, длабоко познавајќи Го, сакајќи Го и имитирајќи Го".


Во неговите дела, рече Папата, јасно се гледа „приматот кој се состои во учењата на самиот Господ“. Затоа Св. Белармино е модел на молитвата, „молитва која го слуша Словото Господово“, која „не се базира на самата себе, туку потполно се предава во Бога“.


„Видлив знак од духовноста на св. Белармино е живата и лична перцепција од неизмерната Божја добрина, преку која Светецот навистина се чувствуваше сакан од Бога и која му беше извор на голема радост, на молитва и контемплација".


Инструиран во духовноста на св. Игнатиј, додаде Папата, св. Белармино како сигурна норма за добар живот и добра смрт посочува на „често и сериозно медитирање преку кое даваме на Бога рачуни за сопствените постапки“ и „да не се збогатуваме со овоземските богатства, туку да живееме едноставно и со љубов заработувајќи богатство во Небото“. Кардиналот Белармно пред се свештенството и верниците ги повика на една индивидуална реформа:


„Св. Беларммино многу јасно и со примерот на неговиот живот не поучува дека не може да постои реформа на Црквата доколку на прво место не би имало индивидуална реформа и обраќање кон Бога длабоко во срцето".


„Просперитетни или негативни случки, богатството и сиромаштијата“, Папата изјавувајќи еден извадок од едно дело на Светецот, „мудриот човек не треба ниту да ги бара, ниту да ги избегнува. Но тие се добри и пожелни само доколку придонесуваат за славата Божја“:


„Тоа не се зборови надвор од мода, но треба да се медитираат како би го воделе нашето патување на оваа земја. Не потсетуваат дека целта на нашиот живот е Господ, Бог кој ни се покажа преку Исуса Христа, во Кој и понатаму Бог продолжува да не повикува и да ни ветува заедништво со Него".


Овие зборови, додаде Папата, не потсетуваат „колку е важно да се довериме во Господа, да не го поштедиме животот за Евангелието, со вера и молитва да ја просветлиме и прифатиме секоја околност и секоја постапка на нашиот живот, секогаш пожелни за заедништво со Него“.


На завршетокот, на италјански јазик, Папата срдечно ги поздрави и им посака добредојде на делегациите кои дојдоа од Норча и од Касино, кои го донесоа Бенедиктинскиот Факел на Мирот. Факелот, благословен од Папата, на први март ќе биде однесен во Лондон каде ќе се одржи екуменска Литургија:


„Драги пријатели, додека ви се заблагодарувам, се надевам дека традиционалната иницијатива би придонела да заживее светлината на верата, особено во Европа и би била носител на хармонија и помирување".








All the contents on this site are copyrighted ©.