2011-02-17 16:10:53

На Генералната аудиенција Папата зборуваше за св. Јован од Крстот: верата не е товар, туку светлина на нашиот живот


Папата Бенедикт 16-ти катехизата од генералната аудиенција, која се одржа во салата Павле 6-ти, ја посвети на св. Јован од Крстот, глемиот мистик од ΧΙ век, пријател на Св. Тереза од Авила. Папата во кратки црти го опиша животот на шпанскиот Светец та се фокусираше подетално на духовното учење на „мистичниот Доктор“ и реформатор на кармелитанскиот ред. Неговата доктрина, забележа Папата, опишува „сигурен пат која води до светост, состојба на совршенство во кое Бог сите нас не повикува“.


Св. Јован од Крстот, рече Бенедикт 16-ти, не учи дека „не е товар“ доколку го следиме Христа, туку тоа е светлина која ни помага во секојдневниот живот. Папата исто така потсети дека егзистенцијата на шпанскиот Светец не беше едно „летање низ мистичните облаци“: Туку напротив, тоа беше една егзистенција многу тешка, пркатична и конкретна“. Од оваа, папата потврди дека искуството на Светиот Јован од Крстот е модел и пример за сите, а не само за неколку избрани души:


„Ако еден човек носи во себе голема љубов, таа љубов речиси му дава крилја, и полесно ги поднесува сите тешкотии во животот, затоа што во себе ја ности оваа голема светлина; тоа е верата: да се биде сакан од Бога и да се дозволи да се биде саан од бога во Исуса Христа“.


Светоста, рече Папата, не е наше дело, но тоа е отварање на прозорците од нашата душа за светлината божја, за да би можела да го трансформира нашиот живот. Значи светоста првенствено е да се доволи да се биде сакан од Бога:


„Да го молиме Бога за да ни помогне да ја најдеме оваа светост т.е. да дозволиме да бидеме сакани од Бога, која за сите нас е повик и вистински откуп“.


Св. Јован од Крстот на тој начин го помина животот, обележен со страданија, потешкотии и недоразбирања кои секогаш беа надминати со непоколебливата верба во Господа. Светиот Отец ги наведе главните дела на Светецот: „Возвишување на гората Кармело“, „Темната ноќ“, „Духовната песна“, и „Пламенот на живата љубов“. Заедничко на тие мистични текстови е патот на прогресивното очистување на душата за да се достигне врвот на христијанското совршенство:


„Оваа очистување е како еден начин на кој човекот се залага, соработувајќи со божественото дејствување, та да ја ослободи душата од секој вид на напад или наклонетост спротивни од волјата Божја. Очистувањето, кое треба да биде комплетно, се здобива со помош на трите богословски доблести: верата, надежта и љубовта, кои ги очистуваат намерата, сеќавањето и желбата“.


Покрај тоа, Св. Јован од Крстот, во „Темната ноќ“ ја опишува „пасивноста“, т.е. Божјата интервенција на „прочистувањето“ на душата. „Човечкиот напор, всушност – рече Папата – не е способен сам да стигне до длабоките корени на злите склоности и навики на самиот човек: може само да ги забави, но не комплетно да ги искорени“.








All the contents on this site are copyrighted ©.