2011-01-17 18:49:06

Ангел Господов: радоста на Папата за претстојното прогласување за Блажен на Јован Павле II. Апел за прием и заштита на мигрантите


По веста за претстојното прогласување за Блажен на Јован Павле Втори, Папата ја изрази својата радост бидејќи тој самиот лично ќе ги предводи обредите и ги повика верниците на една "длабока духовна подготовка" за овој долгоочекуван ден. Тоа го направи пред неделната молитва Ангел Господов, соопшувајќи ја одлуката од прозорецот на својата работна резиденца на верниците собрани на плоштадот Свети Петар. По повод Светскиот ден на мигрантите и бегалците, кој Црквата го одбележува на 16 јануари, Папата побара заштита за мигрантите и за вложување напори за нивно добро. Светиот Отец изјави дека се моли за населението во различните краишта на светот погодени од деструктивни поплави.

"Почитувани браќа и сестри, како што знаете на први мај ќе ја имам радоста да го прогласам за Блажен почитуваниот Јован Павле Втори, мојот возљубен претходник. Одбраниот датум за прогласувањето за Блажен е симболичен: ова ќе биде втората пасхална недела, којшто и самиот ја опиша како неделата на Божената Милост, и во чиј пресрет заврши неговиот земен живот. Оние кои го познаваа, сакаа и почитуваа не можат да не се радуваат со Црквата за овој настан. Ние сме среќни! ".

За Светскиот ден на мигрантите и бегалците, кој меѓународната заедница, го одбележува на 16 јануари, Папата истакна дека миграцијата често е предизвикана од војните и прогонот "и се случува" во драматични услови ". Папата потсети дека и родителите на Исус беа принудени да избегаат во Египет, за да го спасат живот на нивното дете.







All the contents on this site are copyrighted ©.