2010-09-27 12:13:41

Папата на Ангеловиот Поздрав: Св. Винко Паулски и Киара “Луче“ Бадано, примери за љубовта која води до среќата


„Бог ги сака сиромашните“ и „вечната судбина“, но исто така и среќата на секого, во зависност од тоа колку тие ја практицираат во својот живот. На последниот Ангелов Поздрав одржан во Кастел Гандолфо, Папата се однесуваше типично христијански, инспириран од неделното Евангелие, во кое беше прикажана беседата за сиромавиот Лазар и богаташот. За живеење на љубовта, пред молитвата до Пресвета Богородица, Папата се осврна на примерот на св. Винко Паулски, по повод 350 годишнината од неговото заминување во вечниот живот, а исто така и на Киара Бадано, девојка која на 25 септември беше прогласена за блажена.


Егоизмот ја згрозува душата се додека таа не биде уништена. Љубовта – но не некое површинско чувство, туку љубовта која се изразува преку служење на сиромасите – на душата и дава живот и бесмртност. Оваа позната парабола за Лазар кој се хранел од трошките на богаташот, ни упатува порака која – како рече Светиот Отец – не зборува само за погрешно или правилно искористување на богатството, но нагласува дека Господ ни зборува преку Светото Писмо, и вреди да се живее во согласност со Неговата волја, бидејќи после смртта ќе биде прекасно да се каеме за своите грешки. Оваа парабола ни кажува две работи: - истакна Папата – првата е дека Бог ги сака сиромашните и ги покренува од нивното понижување; другата е дека нашата вечна судбина е определена од нашето понашање; наше е да го следиме патот кој Бог ни го покажал како би дошле до живот. А тој пат е љубовта, не онаа што се подразбира како чувство, туку како служење на другите, во љубовта Христова – рече Светиот Отец.


Веќе две илјади години во историјата на Црквата блескаат примери на луѓе кои потполно живееле во согласност на љубовта. Папата Бенедикт 16-ти спомна две такви лица, едно од далечното минато и другото од блиско минато. Првиот е св. Винко Паулски, кој на 27 септември литургиски се прославува, како и 350 годишнината од неговата смрт. Свети Винко ги основал „Ќерките на Милосрдието“ првата женска конгрегција која е посветена да живее ‘во светот’ меѓу луѓето, со болните и сиромашните, а исто така е заштитник и на Католичките добротворни организации. Во 1600-те години во Франција со рака ги допрел контрастите помеѓу богатите и сиромасите – забележа Папата. Како свештеник ги посетувал аристократските средини, но и најбедните париски општествени слоеви. Инспириран од љубовта Христова, св Винко Паулски знаеше да организира долговечни служби за маргинализираните луѓе, здружувајќи група на жени кои за најбедните го ставале на располагање своето време и нивните добра – рече Папата-


Друг пример е Киара Бадано, млада Италјанка, која починала по неизлечливата болест во 1900 год. на 19 годишна возраст, но заљубена во Христос и Црквата, во нејзиниот краток живот за сите била зрак светлина, како што гласи и нејзиниот прекар „Киара Светлина“ – рече Папата. Нејзината парохија, епархија и фоколарите, во кое движење и самата припаѓала, сите ја славаат – а таа слава е исто така и за младите кои во неа можат да најдат пример на христијанската конзистентност – рече Папата и истакна како во смртниот час, во целосното почитување на божјата волја, и рекла на својата мајка дека е среќна. Да го славиме Бога бидејќи Неговата љубов е посилна од злото и од смртта; и да и се заблагодариме на Пресвета Богородица зашто ги води младите, иако преку тешкотии и страдања, да се заљубат во Исуса и да ја откријат убавината на животот – Истакна Папата Бенедикт 16-ти.


По поздравите на шест јазици, Папата испрати специјален поздрав до жителите на Кастел Гандолфо, и најави дека во четвртокот ќе се врати во Апостолската палата во Ватикан.







All the contents on this site are copyrighted ©.