2010-09-24 10:57:56

Папата на генералната аудиенција: Посетата во Велика Британија потврдува дека Европа има христијанска душа


Беше едно историско патување да се потврди дека Европа има една христијанска душа: рече Папата на генералната аудиенција на Плоштадот св. Петар, посветена на неодамнешното апостолско патување во Велика Британија. Бенедикт 16-ти во кратки црти ги спомна главните теми од посетата, чија заврнишница кулминираше со прогласувањето за блажен на кардиналот Џон Хенри Њуман, во Бирминген. Папата исто така апелираше за дијалог помеѓу католиците и православните, по повод на еден важен состанок во Виена.

Едно историско, интензивно и преубаво патување, на кое можев „да констатирам колку е силно наследството христијанско и се уште е активно во секој слој од општествениот живот“. На тој начин Папата Бенедикт 16-ти ја опиша важноста на апостолското патување во Велика Британија. Папата исто така истакна дека посетата „означила нова важна фаза на долгиот и сложен раскол од односите“ меѓу битанскиот народ и Светата Столица. „Срцето на британскиот народ и нивната егзистенција отворени се на реалноста Божја и постојат многу изрази на религиозност што мојата посета го докажа тоа“:

"Оваа апостолско патување ме увери дека древните народи на Европа имаат христијанска душа, што ги соединува со ‘Генијот’ и историјата на нивните народи, а Црквата не престанува да работи за постојано да ја одржува оваа духовна и културна традиција“.


Папата рече дека на оваа патување сакал на посебен начин да ја охрабри христијанската заедница од оваа Земја, зборувајќи исто така „и за сите жители на Велика Британија, каде што никој не е исклучен од вистинската реалност на човекот, од неговите најдлабоки потреби и од неговата последна судбина“. Папата најважните моменти од своето патување детално ги раскажа, почнувајќи од првиот ден во Шкотска во Едимбург каде што ја сретна Кралицата Елизабета. Додека во Белахустовиот Парк во Глазгов одржа Литургиска слава:

„На оваа литургиска слава молитвата измолена во набожност и големо внимание, беше уште посвечена зашто беше придружувана од традиционалните мелодии и нивните специфични песни. Тоа потсети на важноста од евангелизацијата на оваа култура, посебно за нашето време во кое продорниот релативизам се заканува да ја засени непроменливата вистина за човековата природа“. 

На тој начин го изјасни своето мислење и на дводневниот престој во Лондон, почнувајќи со еден говор до светот за Католичко образование во кое ги повика младите „да не се ограничуваат до ограничените цели“, туку да тежнеат кон нешто поголемо, т.е. „вистинската Среќа која се наоѓа само во Бога“. Папата исто така се сретна и со лидерот на другите религии. Навистина незаборавен беше говорот во Вестминстер Хал, упатен до цивилното и британското општество:

„На тоа место реков дека религијата, за правниците, не би требало да претставува проблем за решавање, туку факт кој на жив начин придонесува за историскиот прогрес и за јавната дебата на нацијата, особено во потенцирањето на основната важност од моралот за изборите во разни области на општествениот живот“. 

Ниту папата не заборави да се сети на екуменската служба во Вестминстерската опатија, момент „важен за односите помеѓу католичката Заедница и англиканската Заедница“. Упати посебна мисла до младите кои беа присутни на Мисата во Вестминстерката катедрала. „Со нивното присуство полно со внимателен и пријатен ентузијазам – рече Папата – тие покажаа дека сакаат да бидат протагонисти на новата ера со храбро сведочење, со активна солидарност и великодушна посветеност во служба на Евангелието“. Папата исто така потсети и за „моментот исполнет со интензивни чувства и молитви“ кога се сретнал со некои жртви злоупотребени од страна на членови од свештенството:

„Кратко време потоа, исто така се сретнав со група на професионалци и доброволци кои се одговорни за заштита на децата и младите. И оваа е еден аспект особено важен и присутен во пасатирската служба на Црквата. Им се заблагодарив и ги охрабрив да ја продолжат нивната работа, која се вклопува со долгата традиција на Црквата, т.е. грижа за почит, образование и надградување на новите генерации“. 

Бенедикт 16-ти на крај потсети за кулминацијата од својата посета во Велика Британија, Беатификацијата на кардиналот Њуман во Бирминген, која ден пред тоа имаше молитва со Бдеење во Хајд Паркот, „во една атмосефера за длабока медитација“.


„На многубројните верници, посебно на младите, сакав да им го представам прозрачената фигура на кардиналот Њуман, кој воедно беше интелектуалец и верник, чија духовна порака може да биде сумирана во сведочењето дека свеста не е едно затварање на сопственото „его“, туку отварање, обраќање и послушност кон Оној кој е Патот, Вистината и Животот“. 

Папата се надева дека овој „голем писател и поет“, „мудрец Божји“ ке биде запознает од сите преку неговите дела кои „се уште содржаат извонредна важност“. По катехизата, Папата Бенедикт 16-ти поздравувајќи на италјански јазик потсети дека оваа недела во Виена се одвива пленарна седница на Меѓународната Комисија за Теолошки Дијалог помеѓу католичката Црква и православните Цркви. Состанокот ќе се фокусира на темата за улогата на Римскиот Епископ за заедништво на универзалната Црква за кој Папата јасно апелираше:


„Извршувањето на волјата Исусова, и разгледувањето на големите предизвици кои денес се присутни во христијанството, не обврзуваат сериозно да се ангажираме за ревставрација за потполно единство помеѓу Црквите. Ги повикувам сите интензивно да се молаат за работата на Комисијата и за постојан развој и консолидација на мирот и слогата меѓу крстените, се додека би можеле на светот да му дадеме едно евангелско и поавтентично сведоштво“. 







All the contents on this site are copyrighted ©.