2010-09-13 09:16:15

Бенедикт 16-ти за Ангеловиот поздрав во Кастел Гандолфо


Драги браќа и сестри!
Во Евангелието од претходната недела – поглавјето 15 од Лука – Исус раскажува три „приказни за милосрдието“. Кога Тој „зборува за пастирот кој од по изгубените овци, за жената што ја бара изгубената монета, за таткото кој оди во пресрет на блудниот син и го прегрнува, тоа не се само зборови, но го претставуваат објаснувањето на неговото битие и неговите дела“ (Енц. Deus caritas est, 12). Всушност, пастирот кој ја пронаоѓа изгубената овца е самиот Господ кој врз себе заедно со Крстот го зема целото човештво кој е во грев за да го избави од самиот грев. Потоа во третата приказна блудниот син е еден младич кој, откако си го зел наследството од неговиот татко, „заминал во далечна земја и таму го потрошил своето наследство живеејќи растурен живот“ (Лк 15, 13). Паднат во сиромаштија, бил принуден да работи како роб, прифаќајќи да јаде од храната што била наменета само за животните. „Тогаш –вели Евангелието – дојде при себе“ (Лк 15, 17). „Зборовите што ги подготвува за неговото враќање кај својот татко ни овозможуваат да го спознаеме степенот на внатрешниот аџилак што тој во моментот го врши... се враќа ‘дома’ при самиот себе и при својо татко“ (Бенедикт 16-ти, Исус од Назарет, Милано 2007, стр. 242-243). „Ќе станам, ќе одам кај својот татко и ќе му речам: Татко, згрешив против небото и против тебе; не сум повеќе достоен да се нарекувам твој син“ (Лк 15, 18-19). Св. Августин пишува: „Тоа е истиот збор кој вика во тебе да се вратиш; местото на спокојството е каде што љубовта не познава заборав“ (Исповеди, IV, 11. 16). Уште кога беше далеку, неговиот татко го виде, се сожали, му истрча во пресрет, го прегрна и го целива (Лк 15, 20) и , полн со радост, му приготви гозба.


Драги пријатели, како да не го отвориме нашето срце на сигурноста која, иако грешници, љубени сме од Бога? Тој никогаш не се изморува да ни дојде во пресрет, секогаш прв го поминува патот кој не дели од Него. Втората книга Мојсеева – Излез – ни покажува како Мојсеј со доверлива молба успеа од престолот на пресудата да го помести Бога на престолот на милосрдието (сп. 32, 7 – 11. 13 – 14). Покајанието е мерка на верара и благодарение на него се враќаме кон Вистината. Светиот апостол Павле пишува: Добив милост, зашто тоа го правев од незнаење, далеку од верата“ (1Тим 1, 13). Враќајќи се на приказната за блудниот син кој се враќа ‘дома’, забележуваме дека кога се враќа постариот син понижем од радосниот прием према неговиот брат, секогаш е таткото кој му оди во пресрет и излегува да го моли: „Сине, ти си секогаш со мене и се што е мое твое е“ (Лк 15, 31). Само верата може да ја претвори себичноста во радост и да ги обнови односите со ближниот и со Бога. „Потребно е да се направи гозба и да се развесели –вели таткото – зашто овој твој брат... изгубен беше и се најде“ (Лк 15, 32).

Драги браќа, следниот четврток одам во Обединетото Кралство, каде што ќе го прогласам за блажен Кардиналот Џон Хенри Њуман. Молам сите да ме пратите со молитва на оваа апостолско патување. На Пресвета Богородица, чие свето Име беше славено во Црквата, го препорачуваме нашиот пат за обраќање кон Бога.







All the contents on this site are copyrighted ©.