2010-09-08 18:29:27

Папата на генералната аудиенција: Црквата се променува со обраќање на срцето, а не само со обновување на структурите. Го поздрави следното патување во Велика Британија


Црквата не се променува едноставно со менување ма структурите, но со „искрен дух на покајание“ и „активен процес на обраќање“. Тоа е лекцијата која Бенедикт 16-ти во салата Павле 6-ти ја објасни на денешните христијани од учењата на германскиот мистк Хилдегард од Бигнен (1100). На англиски јазик, Папата испрати видео-порака до британскиот народ поздравувајќи го Неговото патување за следната недела, заблагодарувајќи се на сите оние кои се потрудија да го организираат.


Импресионира, и секако не доведува на размислување, придржувањето на настаните од Црквата во денешно време кое уште од 12-ти век еден мистик со една порака се обраќа на Црквата. Бенедикт 16-ти на крајот зборуваше за катехиза, оставајќи зборовите на Хилдегард од Бинген да навлезат во срцата на денешните христијани како што направија и во тоа време, кога германската монахиња упати огнени фрази до катарите – една група која се залагаше за „радикална реформа во Црквата, особено за борба против злоупотребата на свештенството“.

„Таа остро ги искара зошто сакаа да ја погубат самата природа на Црквата, потсетувајќи ги дека вистинското обновување на христијанската заедница толку не се остварува со промена на структурите, колку со искрен дух на покајание и активен процес на обраќање. Оваа е порака која не треба никогаш да ја заборавиме“. 

Втората катехеза беше посветена на Хилдегард од Бинген, која поголем период од 1100-те го поминала како главна сестра во манастирот на св. Дизибодо, во регионот на Рајнската област. Оваа катехеза беше продолжение од концептот на Папата од претходната среда, кога ја славеше важноста на „женскиот гениј“ во служба на Евангелието. Говорејќи за делата со кои Хилдегард остави трагови од нејзините многубројни визии, Бенедикт 16-ти рече дека е јасно како „теологијата може да добие посебен придонес од жените“, бидејќи...

„ ... тие се способни да зборуваат за Бога и за тајните на верата со нивната карактеристична интелигенција и чувствителност. Затоа ги охрабрувам сите оние кои се ангажирани во оваа служба извршувајќи го со длабок црковен дух, хранејќи го сопственото размислување со молитва и гледајќи ја големата ризница од сеуште добро неоткриената средновековна мистична традиција, особено од осветлените примери, како што е Хилдегард од Бинген“.


Некои од најважните дела на рајнската монахиња се разновидни во поглед на интересите кои се движаат од медицината до музиката. Папата цитираше книга која ги опишува визиите „како единствена и моќна визија на Бога која го оживува космосот со Неговата сила и Неговата светлина“. Исто така и во овој случај содржи едно многу актуелно учење:

„Хилдегард ја потврдува длабоката врска помеѓу човекот и Бога и не потсетува дека сето создание, од кој човекот е на прв оместо, добива живот од Пресветата Троица. Делото се фокусира околу односот меѓу доблеста и порокот, за што човечкото суштество секојдневно треба да се соочи со предизвикот на порокот, кој го оддалечува од патот кон Бога и доблестите. Пораката е да се оттргнеме од злото та да го славиме Бога и после една доблесна егзистенција да влеземе во живот ‘полн со радост’ “. 

Слушана од страна на епископите и игумените заради нејзината мудрост, Хилдегард од Бинген со своите размислувања држи линија до ден денес. „Многу одговори сеуште важаат и за нас – призна Папата. На пример, овој револт до една женска верска заедница во која Хилдегард зборува како е можно да се подготви душата за да го слушне гласот Божји:

"Духовниот живот мора да с третира со голема посветеност. На почетокот напорот е горчлив. Зашто бара одрекување од надворешноста, од задоволството на месото и други слични работи. Но ако се остави да се фасцинира од светоста, една света душа ќе најде сладост во самиот презир кон светот. Потребно е само интелигентно да се биде внимателен дека душата нема да свене“.


За време на катехезата и поздравите на англиски јазик, Бенедикт 16-ти посвети една видео порака за апостолското патување во велика Британија, кој ќе почне во четвртокот на 16 септември. Дефинирајќи се нестрплив да пристигне во оваа земја и да ги сретне „претставниците на различните религиозни и културни традиции“, Папата се заблагодари на сите авторитетични луѓе, почнувајќи од кралицата Елизабета и од кентерберискиот архиепископ, кои се потрудија да се овозможи оваа посета на политичко – иституционално и религиозно ниво. Зборувајќи за големиот настан на 19 септември во Бирмингем – беатификацијата на кардиналот Џон Хенри Њуман – Папата рече:

“This truly great Englishman lived an exemplary…
Овој навистина голем англичанец живеел примерен свештенички живот и преку своите екстензивни дела понуди траен придонес во Црквата и на општеството, како во својата родна земја така и пошитоко во светот. Се надевам и се молам дека поголем број на луѓе би можеле да имаат корист од неговата милозлива мудрост и да бидаат инспирирани од неговиот пример на интегритет и на свет живот“.







All the contents on this site are copyrighted ©.