2010-09-07 10:03:43

Прослави по целиот свет за литургискиот празник на Блажената Тереза од Калкута


По повод празникот на Блажената Тереза од Калкута, прослави и други настани вчера се одржаа во куќите на мисионерите на милосрдието, на конгрегацијата основана од Блажената а и на други места во светот во чест на "Мајката на сиромасите". Во Рим, литургијата беше предводена од кардиналот Иван Диас, префект на Конгрегацијата за евангелизација на народите, во црквата св. Грегориј Ал Челио во 19,00 ч.Во Скопје, Македонија, родното место на Агнес Бојаџиу Гонха, со свечена миса беше прославена во Катедралата Пресвето Срце Исусово предводена од Епископот монс. Киро Стојанов. Во Албанија, монс. Ррок Кола Мирдита, архиепископот на Тирана-Драч, со Евхаристијска слава ја прослави во катедралата Свети Павле во главниот град, додека во Скутари беше архиепископот Анџело Maсафрa, во градската катефрала. Во Приштина, Косово, посветена беше нова црква на Мајка Тереза за време на свечениот литургиски обред на која претседаваше монс. Зеф Гаши, Архиепископ на Бар (Црна Гора), претставник на Светиот Отец, и концелебрирана со монс. Доде Гјергиј, Апостолски администратор на Призрен и на епископите во Албанија; беа присутни верници од сите парохии на Косово собрани на едно национално патошествие. Во Калкута, каде што Блажената Мајка Тереза почина на 5 Септември, 1997, мисата беше прославена во колегиумот св. Ксавиер од архиепископот Салваторе Пенакио, Апостолскиот Нунциј во Индија.







All the contents on this site are copyrighted ©.