2010-08-23 19:24:06

Папата на Ангел Господов: царственоста на Дева Марија, ги откри чудата на божественото срце. Молитва за мир во светот


За време на неделната молитва Ангел Господов од Кастел Гандолфо, Папата упати силна молитва за мир во светот, испратена до Марија, која што Католичката црква ја прослави на 22 август, како кралица. Дева Марија, истакна Папата, ни вели дека треба да го следиме патот на помирувањето, за да влеземе во царството Божјо. На крајот ги поздрави француските поклоненици. Папата ги повика верниците да ги прифатат човековите разлики, бидејќи сите луѓе се повикани кон спасението.

Папата истакна дека осум дена по светлиот празник Успение Богородично, литургијата не повикува да ја славиме Блажената Дева Марија како "кралица". Една понизна царственост, рече Светиот Отец, бидејќи Бог " ги понижи горделивите и силните на овој свет и ги издигна понизните:

"Малото и обично девојче од Назарет стана кралица на светот! Ова е едно од чудата кои ни го откриваат Божјото срце! ". 

Папата потсети дека во историјата има многу сведоштва за јавното почитување на царственоста на Дева Марија. Токму на Марија, која Исус ни ја остави како Мајка и кралица ", Папата ја упати молитвата за човештвото:


"Да поверуваме на нејзиното постојано заступништво во секојдневната молитва за мир, претежно таму каде што царува апсурдната логика на насилството. Да се убедат луѓето дека за да изградиме цивилизацијата на љубовта во овој свет треба да си помагаме едни со други како браќа. Maria, Regina pacis, ora pro nobis! ". 

Папата се задржа и на посебната димензија на царственоста на Марија, која е целосно зависна од онаа на Исуса ", кој по понижувањето на крстот беше воздигнат над секое створение:


"Благодарение на божествената помисла на благодат, Непорочната Дева Марија, е целосно приклучена кон тајната на Синот: во Неговото Воплотување, земен живот, на почетокот скриено во Назарет, а потоа откриено во месианската тајна, за Неговото страдање и смрт и на крајот на славата и воскресението на Небото".    







All the contents on this site are copyrighted ©.