2010-08-17 10:07:31

Бенедикт ХVІ на Успението на Пресвета Богородица: христијанството не ни нагласува едно апстрактно спасение, туку вечност за она што го сакаме


Христијанството не ни разгласува едно абстрактно спасение на душата во непознат ад, туку ни ветува живот вечен, каде што ништо што ни е најдраго нема да биде загубено, туку ќе продолжи да живее благодарение на Божјата љубов. Ова го изјави Бенедикт ХVІ за време на свечената литургија на празникот Успение Богородично, која се одржи во еноријата „Свети Тома од Виланова„ во летната резиденција Кастел Гандолфо. Папата ги повика сите христијани уште овде на земјата да го изградат новиот свет кој што нема да сврши. Напладне, Светиот Отец, ја измоли традиционалната молитва, Ангеловито Поздрав, во дворот на Апостолсакта летна резиденција.

„Ние веруваме дека Марија исто како и нејзиниот Син Христос, ја победи смртта и празнува во небесната слава со целото свое битие, „со тело и душа„". 

Во неогвата проповед Бенедикт ХVІ го разгледа и формулирањето на Догмата за Успението на Дева Марија, провозгласена пред 60 години од Папа Пиј ХІІ:

„Корените на оваа победа на Марија над смртта, се наоѓат во верата на Девицата од Назарет..вера која е послушност кон Божјото Слово и е целосна доверба на божествената иницијатива и дело... Ете зошто верата е величие на Марија како што и рече радостно Елисавета: Марија е „благословена меѓу жените„, затоа што верува и живее по уникален начин „првото„ блаженство – верата".


Иако Марија се вознесе на Небото, сепак таа не е далеку од нас, рече Бенедикт ХVІ:

„Денес сите ние знаеме дека терминот „небо„ не се однесува за некое место во вселената, туку за нешто многу поголемо што е тешко е да се дефинира со нашите ограничени човечки знаења. Со терминот „небо„ сакаме да докажеме дека Бог, кој што е близу до нас, не не оставил дури и во смртта и после неа, бидејќи за нас Тој ни приготви едно место и ни ја дарува вечноста". 

„Ние постоиме затоа што Бог не сака, затоа што не замислил така и не повикал да живееме. Нашата смиреност, нашата надеж, нашиот мир се основани имено на ова: Бог и неговата создателна љубов, ние сме запазени и воведени со целиот наш живот, со целото наше творение во вечноста. Постоиме во мислите и љубовта Божја Неговата љубов е онаа што ја победи смртта и ни ја подари вечноста и имено оваа љубво ние ја нарекуваме „небо„.. Бог е велик и затоа ни подготвил место и за нас.


„ Исус кој е вистински Бог и вистински човек – продолжи Папата - е нашата гаранција„ дека човекот и Бог можат да постојат и живеат вечно еден во друг. Ова значи дека секој од нас нема да продолжи да постои само со еден дел, туку дека Бог го познава и сака човекот како целост, таков каков што е".

Христијанстовото, наблегна Папата, дава сигурна надеж за една светла иднина и ние како христијани сме повикани да го изградиме овој свет, да рабоиме додека тој не стане еден ден „свет Божји„.И во Марија кој што се вознесе на набото и кој учествуваше целосно во Возкресението на својот Син, ние се надеваме за реализација на човечкот според „светот Божји". Својата проповед Папата ја заврши со молитвата:

„Да се молиме Господ да ни помогне да разбереме колко е безценен во Неговите очи нашиот живот, да ја зацврсти нашата вера за вечен живот, да не направи луѓе на надежта, кои што работат за изградбата на рамнодушен свет кон Бога, луѓе полни со радост, кои да ја разпознаат убавината на вечниот живот во сите секојдневни тешкоти и со таква сигурност да живеат, да веруваат и да се надеваат". 

По празничната Света Литургија, Бенедикт ХVІ се врати во летната Апостолска резиденција за молитвата „Ангеловиот Поздрав„. Во кратката проповед Папата подсети дека набожноста кон Дева Марија, постои уште од самиот почеток на животот на Црквата. Разни уметници од различни епохи – продолжи Папата – ја имат нацртано или извајано светоста на Мајката на Господа, украсувајќи разни цркви и светилишта. Поети, писатели, композитори и дадоа почит на Девицата во нивните химни и литургиски песни. Од Исток до Запад, Пресветата Деа е почитувана како небесна Мајка, која што го држи во рацете Синот Божји и под чија закрила целото човештво најде заштита: 
„Под твојата заштита прибегнуваме, о Пресвета Богородице. Не отфрлај ги нашите молитви за нашите потреби. Но, избавине од секоја опаснос, о Дево Славна и Преблагословена". 







All the contents on this site are copyrighted ©.