2010-08-11 17:53:27

Папата: христијанското мачеништво, акт на тотална љубов


Мачеништвото "форма на тотална љубов кон Бог" беше главната тема во катехистичното поучување на Папата на денешната генерална аудиенција, која што се одржа утринава во Апостолската палата во Кастел Гандолфо, покрај Рим. Папата потсети дека овие денови Црквата ги чевствува црквените светци-маченици за верата Лаврентиј, Едит Штајн и Максимилијан Колбе, кои што го следат Господа докрај. Оттука и неговиот повик до верниците да го следат нивниот пример за да ги победат егоизмот и индивидуализмот, преку Божјата љубов, која што го преобразува светот.

Но врз што се заснова мачеништвото? Одговорот, рече Папата, можеме да го најдеме во "смртта на Исус и Неговата тотална жртва во знак на љубов на крстот, за да можеме да имаме живот":


"Тоа е логиката на малкуте житни зрно, што умираат, за да принесат плод (Јован 12,24). Исус е житно зрно дадено од Бог, што паѓа на земјата и се крши во смртта, но токму поради тоа принесува плод по за целиот свет. 

Маченикот го следи Господа до крај, продолжи Папата, "Желбата доброволно да умре за спасението на светот е тест за тоталната љубов". Оттука и прашањето на Папата од каде доаѓа силата, за да се исполни мачеништвото?


"Во длабоко скриено заедништво со Христос, бидејќи мачеништво и повик за мачеништво не се резултат на човечки напор, туку одговор на Божјата иницијатива и на еден Божји повик, тие се дар од Неговата благодат, која што ја дава силата за саможертва во името на Христовата љубов и Црквата, а оттаму и за светот". 

"Ако ги читаме житијата на светците - истакна Папата - ќе останеме изненадени од мирот и храброста со кои што одат во пресрет на страдањето и смртта: Божјата силина се изразува во слабоста и сиромаштијата на оној што Му се доверува и ја вложува само во Него својата надеж" (2Кор 12,9). Но, исто така, додаде Папата, многу е важно да се подвлече дека Божјата благодат не ја потиснува или задушува слободата на оној што го дочекува мачеништвото, туку баш обратно: збогатува и издигнува:

"Маченикот е целосно слободна личност, ослободена од земјината власт. Слободна личност што со еден единствен акт му го дарува на Бог целиот свој живот и во еден единствен чин на верата, надежта и љубовта, се полага во рацете на својот Создател и Спасител; го жртвува сопствениот живот, за да се приклучи кон потполна смрт на крстот со Исуса. Со еден збор: мачеништво е акт на огромна љубов и одговор на неограничената Божја љубов". 

"Можеби ние не сме повикани за мачеништво", рече Папата, но "никој не е исклучен од Божјиот повик за светост и да живее според мерилото на христијанскиот живот":

"Сите, особено во денешното време во кое како да доминираат егоизмот и индивидуализмот, треба да ја преземеме како прва и главна задача за да расте во нас љубовта кон Бога и кон ближните, за да се трансформира нашиот свет.  
 







All the contents on this site are copyrighted ©.