2010-08-04 17:46:42

Папата се сретна со 55 илјади министранти од цела Европа: пренесете го на вашите врсници пријателството со Христос


Во празнична атмосфера, потсетувајќи на светските младински средби Бенедикт XVI ја одржа традиционалната генерална аудиенција на преполниот плоштад Свети Петар пред повеќе од 55 илјади министранти од цела Европа. Младите се во Рим по повод десетото по ред поклонување, што се одржува под мотото "Да пиеме од вистинскиот извор. Најбројни беше присутните од Германија - 45 илјади, Австрија, Франција, Полска, Словачка, Романија, Бугарија и Хрватска. Сите со жолти марамчиња, донација на епископот на Базел, Монс. Мартин Гeхтер, претседател на Coetus Internationalis Ministrantium.


Во своето размислување Папата им се обрати на нив на германски, за да ја претстави сликата на Свети Тарцизие, млад маченик за верата и покровител а министрантите. Неговата статуа беше подигната синоќа во центарот на плоштадот, за време на молитвеното бдение на кое Папата ја освети. Статуата е во Рим како поклон од Швајцарија. Висока е 5 метри и тежи 4 тона, дело на швајцарскиот скулптор Бернард Ланг. Таа ќе биде поставена во катакомбите на Свети Калин, каде маченикот е погребан, рече Папата. Млад министрант во времето на прогонот на христијаните од страна на императорот Валериј, Тарцизиј го жртвувал својот живот за да ја зачува Евхаристијата, наменета за неколку верници што го чекале.

На средбата присувствуваше и државниот секретар на Ватикан, Тарцизио Бертоне по покана од министрантите од Европа во знак на голема почит кон нивниот светец покровител Свети Тарцизие.
 







All the contents on this site are copyrighted ©.