2010-08-02 19:22:43

Папата: животот не зависи од материјалните добра. Задоволство од влегувањето во сила Конвенцијата на ОН за забрана на нагазните мини


"Човечки живот не зависи од материјалните добра" и "мудар е оној што собира она што не се руши од времето: тоа го рече Папата за време на неделната молитва Ангел Господов, која што ја упати од Апостолската резиденција Кастел Гандолфо, во близината на Рим. "Земните добра - истакна Папата коментирајќи го евангелското четање - не се цел, туку средство за вечниот живот".

"Секојдневниот живот не учи дека на овој свет се поминува", рече Светиот Отец и упати поглед кон светците, чие што сеќавање Црквата го истакнува овие денови. Светците избрале еден радикален "пат кон вечноста, следејќи го Исуса: св.Игнаций Лойола, кој "се обраќа, читајќи го животот на Исуса и светците"; св.Алфонсо Марија де Лигуори, кој "е свесен дека Бог сака сите да станат светци, секој според својата состојба"; св Еузебий ", првиот епископ на Пиемонте и Храбар заштитник на божественоста на Христос ". Исто така и светиот енорист Жан-Мари Виане ", чијшто модел на живот беше водечки во Годината на свештеникот":


"Сите тие правеле напори да ги спасат душите и да служат на Црквата со своите харизми, со што придонесуваат за нејзино обновување и збогатување. Тие стекнуваат мудро срце (Пс. 89,12), избирајќи она што не се руши во времето, отфрлајќи ја привременоста: власта, богатството и краткотрајните задоволства, претпочитајќи ја вечноста". 

Папата посочи и Евангелието на Лука (Лук 12,13-21) во кое Исус зборува за стремежот кон земните добра, преку параболите за богатиот, кој што мисли дека имајќи големо богатство може да се дистанцира од смртта:

"Безумен во Библијата е оној кој што не може да види подалеку од видливите работи, дека ништо не е вечно, а поминува: младоста и физичката сила, погодности и власта. Затоа се поклонува на сопствениот живот и на преодните работи и безумството. Оној кој има доверба во Господа, не се плаши од бедите во животот, ниту од неизбежната реалност на смртта: тој добива "мудро срце", како светците".
  
Папата изрази задоволство од влегувањето во сила на Конвенцијата на ОН за забрана на нагазните бомби:


"Мислам на големиот број на жртви, повредени и кои и понатаму имаат тешки физички и морални страдање, па дури и губење на живот, се предизвикани од овие ужасни оружја, чие присуство ја спречува веќе подолго време секојдневната активност на цели заедници. Со влегувањето во сила на новата Конвенција, на чие потпишување ги повикувам сите земји, меѓународната заедница демонстрира мудрост, далновидност и способност да го оствари значителен резултат во областа на разоружувањето и меѓународното хуманитарно право. Отправям среќно активно да се продолжи по овој пат за заштита на човечкиот живот и достоинство, за промовирање на севкупната човековиот развој, за воспоставување на мировен меѓународен поредок и за реализацијата на општото добро на сите луѓе и народи. 
   







All the contents on this site are copyrighted ©.