2010-05-12 14:19:57

На "Небесена кралица" Папата ги повика верниците да се молат за претстојната Апостолска посета на Португалија


На неделнaтa молитва „ Небесна кралица" Папата ги повика верниците да се молат за претстојната Апостолска посета на Португалија од 11 до 14 мај. Папата упати специјален благослов до учесниците на националниот Евхаристичен конгрес во Бразил и ги охрабри католичките училишта во Италија да го "поддржуваат високо", квалитетот на воспитување. Светиот Отец се осврна накратко во својот говор пред молитвата на Дева Марија "кралице Небесена", која даде на светот една нова пролет".


Мај е месец на пролетта посветен на Дева Марија. Во овој период, истакна Папата, во нашата хемисфера "пролетта се претставува со бројни шарени бои; климата е поволна за прошетки и излети", а христијаните уште во Велигденскиот период ", времето на алелуја",се во очекување на Петдесетница. Период во кој " за среќа се помества црковната традиција, која го посветува месецот мај на Дева Марија":

"Дева Марија е најубавиот расцветен цвет на созданието "Розата " се јави во исполнувањето на времето, кога Бог, испраќајќи го својот Син, му подари на светот нова пролет. Понизна и дискретна, Марија е главно дејствено лице во првите чекори на христијанската заедница: таа е нејзиниот духовен центар, бидејќи присуството на апостолите е жив спомен за Господа Исуса и знак за Подарокот на Неговиот Дух". 

Токму во средината на овој месец, рече Папата, "ќе имам голема радоста да бидам во Португалија, каде што ќе ги посетам Лисабон, Порто и светилиштето на Богородица во Фатима, по повод десетте години од прогласувањето за Блажени двајцата пастири, Франциско и Јасин, на кои се појави Мајката Божја":

"За прв пат, како Свети Петров наследник, ќе го посетам ова Богородично светилиште, многу драго на Раб Божји Јован Павле II. Ги повикувам сите да ме подржувате на ова апостолска посета со вашите молитви. Нека со едно срце и една душа да ја повикаме застепеноста на Дева Марија за Црквата, особено за свештениците и за мирот во светот ". 

По молитвата "кралица Небесена", Папата упати порака до Бразилскиот народ, кој од 13 до 16 мај ќе биде домаќин на XVI национален Евхаристичен конгрес. Темата на конгресот, рече Папата, кој се повикува на зборовите на апостолите од евангелието според Лука, "Остани со нас, Господи" е израз на "желбата што чука во срцето на секое човечко суштество":

„Possais todos vós, pastores e povo fiel…
Ајде сите вие, пастири и верници, да откриеме, дека Евхаристија е срцето на Бразил. Токму во Пресветите Тајни на олтарот Исус ја покажува својата желба да биде со нас, да живее во нас, да ни се предаде. Обожавањето на Евхаристија, ни помага да го признаеме Првенството на Бога, зашто само Тој може да ги промени човековите срца, носејќи ги во заедништво со Исус Христос во само едно тело (...) Само преку Него може да се изгради едно праведно општество".

Папата потсети и на претстојното затворање на Годината на свештеникот и ги повика сите свештеници "по примерот на Свети Жан-Мари Виане, да ја зајакнат нивната длабока духовност према Евхаристијата". При поздравите на италијански јазик, Папата се обрати и на учесниците на 30-от маратон "пролет-лето" на католичките училишта во Италија, предводени од кардиналот викарий, Агостино Валини. Папата посака на сите официјални претставници, професори, ученици и родители од католичките училишта, да "завршат по најдобар начин учебната година":

"Ве охрабрувам, пред сé, да останете секогаш на високиот квалитет на воспитување и образование во вашите училишта кои се бесценето наследство за Црквата и Италија". 







All the contents on this site are copyrighted ©.