2010-04-29 15:55:31

Папата на генералната аудиенција спомна за двајца свети свештеници, Муриалдо и Котоленго, сведци на милосрдната љубов


Двајца големи свештеници од деветнаесеттиот век, свети Леонардо Муриалдо и свети Јосиф Бенедикт Котоленфо, беа протагонисти на вчерашната генерална аудинеција на Папата Бенедикт 16-ти на плоштадот Свети Петар. Папата зборуваше за нивното христијанско сведочење во корист на сиромавите и постојаноста на нивното свештенство, сеќавајќи се посебно на Муриалдо н неговата 110-та годишнина од неговата смрт и 40-та годишнина од канонизацијата, како и на Котоленго на неговата двевековна годишнина од неговото свештеничко ракополагање.


Двајца мажи на Светата провидност – поверувана, служена и посведочена –и двајцата од Пиемонте со исти дела, помагајќи им на најсиромавите во Торино, градот на Дон Боско. На илјадници луѓе на плоштадот Свети Петар, Бенедикт 16-ти не го сокри своето воодушевување кон свети Леонардо Муриалдо свети Јосиф Бенедикт отоленго, како и на самиот почеток на катехезата беа наречени „двајца свети свештеници, примери во нивната посветеност кон Бога и сведоци на милосрдната љубов.“ Папата најпрво го презентира Муриалдо, кој почина пред точно 110 години, на 30 март 1900 година, и беше канонизиран од страна на папата Павле 6-ти на 3 мај од пред 40 години. Роден во Торино, осми син на „скромно семејство“, Леонардо имаше одлично христијанско воспитување, кое беше проследувано со духовна криза. Но и по кризата како нов „се врати кон светлината“. Стана свештеник, го познаваше Дон Боско, кој го стави да располага со едно сиропиталиште, и обнови „една длабока социјална, образовна и апостолска свест“:

„Би сакал да нагласам дека суштината на духовноста на Муриалдо е сигуноста во милосрдната љубов Божја: Еден Татко секогаш добар, трпелив и дарежлив, кој што ја открива неизмерноста и големината на Неговата милост преку простувањето". 

Леонардо секогаш ќе биде човек и свештеник „препознатлив“ кон Бога, кој што еден ден беше напишал „на дното на бездната (...) Бог таму дојде да ме бара“ и таму „ му Го препозна гласот“. Затоа, рече Бенедикт 16-ти, живеепше „ со спокојна свест за своето ограничување“, придружувано од една „константна и благотворна задача за обраќање“ како и од потполната свест за неговата свештеничка мисија, т.е. „за спасување на душите“:


„Свети Леонардо секогаш ги потсеќаше браќата како и самиот себе си за одговорноста на еден живот во согласност со приментата света тајна. Љубовта Божја е и љубов кон Бога: тоа беше неговата сила, силата на неговиот пат кон светоста, законот на неговото свештенство, најголемото значење на неговата мисија меѓу младите сиромашни и извор на неговата молитва“. 

Ако свети Леонардо Муриалдо потполно се предаде „со доверба на Светата Провидност“ – врз која ги воспостави темелите на Конгрегацијата на свети Јосиф, основана од него во 1873 година и посветена за помагање на напуштените деца – исто така направил и Јосиф Бенедикт Котеленго, која тој на Божествената Промисла ја посветил неговата „Мала Куќа“ отворена за секоја социјлна и духовна потреба“:

"Тој секогаш беше подготвен да ја следи и да и служат на Божествената Промисла, а никогаш да не ја испитува. Тој вечеше: ’Јас не сум добар за ништо, дури и не знам што си правам. Божјата Промисла, сепак, сигурно знае што сака. Јас сум должен само да ја исполнам’. За своите сиромашни и оние кои имаат потреба, секогаш ќе се дефинира како „работник на Божјата Промисла". 

Завршувајќи го говорт за овие двајца извонредни свештеници, папата потврди дека и двајцата направија „длабок корен, непресушен извор на дејствување во нивниот однос со Бога, привлекувани од Неговата Љубов“, и зачувувајќи ја оваа „длабока Љубов“ ви срцето:


„Не е можно да се почувствува милосрдната љубов без да се живее во Хриса и Црквата. Нивното посредување и нивниот пример ќе продолжи да го осветлува служењето на многу свештеници кои целосно и великодшно му се даваат на Бога и за стадото што им е поверено, и му помагаат секој со радост и великодушност да се даде на Бога и на ближниот

На крајот од генералната аудиенција, Бенедикт 16-ти, помеѓу поздравите на различни јазици, посебно на англиски јазик ги поздрави делегациите од лутеранската Црква во Норвешка и англиканската Црква како и групата на еврејските верски водачи од „Pave the Way Foundation“ кои беа во посета на Ватикан.







All the contents on this site are copyrighted ©.