2010-04-23 17:39:33

Папата до новиот амбасадор на Македонија: Одржувајте го христијанското наследство за да придонесете околу вредностите на правдата и дијалогот во Европа


"Одржувајте ги живи и цврсти“ христијанските принципи познати уште од раните времиња, за изградување на праведен мир за сегашноста и за иднината како и едно општеството не под влијание на моралниот релативизам. Тоа беа главните желби изразени од страна на Бенедикт 16-ти во разговорот со новиот амбасадор на Македонија при Светата Столица, Ѓоко Ѓорѓевски, во четвртокот за време на ауденцијата за примање на акредитивните Писма.

Македонија легално се стреми да се приклучи на Европската заедница и во рамките на тоа, Бенедикт 16-ти призна дека се детектираат знаци на „хармоничен напредок“. Но, за да се изгради иднината која се посакува, пред тоа треба и да се има во предвид историјата на еден народ, неговата култура и душа, за да се биде сигурни дека новостите што ќе наидат не отстапат на некои услови кои можат да настанат од социјалните рани никогаш не заздравени, од глобалните економски интереси кои ги негираат локалните потреби, од гласовите на релативизмот кои ги задушуваат оние на совестта. Папата го потсети новиот амбасадор дека Македонија чува знаци „добро видливи“ на „човекови и христијански вредности“:


„Имајќи едно такво наследство, граѓаните на вашата земја ќе продолжат во иднина да ја градат и нивната историја, и имајќи силен духовен идентитет, од нивното искуство ќе можат да придонесат за обединување на европските земји. Затоа, јас искрено се надевам дека успешно ќе завршат аспирациите и зголемените напори на оваа земја со влегување во Европската Унија, со услови за прифаќање на релативните права и обврски како и взаемното почитување на традиционалните вредности и колективните случаи на поедини народи

Папата рече дека во поранешната југословенска Република преовладува една клима во која луѓето „се препознаваат како браќа, синови на истиот Бог и граѓани на една единствена земја“. Сепак, истакна Папата, дијалогот и мирот не може да зависат само од политичките стратегии или „човечките планови“, бидејќи мирот е „Божји дар на луѓето со добра волја“:
„Основни столбови на овој мир се правдата и простувањето. Правдата обезбедува целосно почитување на правата и должностите, додека простувањето ги заздравува и воспоставува основите на односите меѓу луѓето, кои сеуште страдаат од последиците на контроверзните идеологии на неодамнешното минато.“

И преминувајќи од тежината на историјата до ситуациите на една поглобална и глобализирана сегашност, Бенедикт 16-ти заклучи:

„Еден стабилен социјален и економски развој не може да не ги почитува културните, социјалните и духовните потреби на луѓето, како и давањето вредност на традициите и народните ресурси. И сето тоа знаејќи дека растечкиот феномен на глобализацијата, од една страна содржи одреден степен на социјални и економски разлики, но од друга страна, ја отежнува рамнотежата меѓу оние кои бараат корист од зголемување на способноста за збогатување и оние кои се оставени надвор од напредокот.“ 

На почетокот од својот говор, Папата истакна „срдечна соработка“ помеѓу Македонија и Светата Столица, изразена преку „изградбите на католички црквовни згради во различни локации низ земјата“, и покрај тоа што е една од локалните Цркви во малцинство. Повикувајќи се повторно на културното и духовното наследство, Бенедикт 16-ти, заврши изразувајќи надеж дека Македонија нема да падне во мрежите на „моралниот релативизам“ и „слабиот интерес за религијата“ кои денес владеат, туку во спротивно, ќе им овозможи на своите жители „да знаат мудро да дејствуваат во отворањете кон нови хоризонти на вистинската цивилизација и вистински хуманизам“:


„За да се постигне тоа, потребно е да се оддржува, на личен и заеднички степен, овие принципи кои се во корените од цивилизацијата на овој народ: посветеноста на семејството, заштитата на човечкиот живот, промовирањето на верските потреби посебно кај младите “.   


 







All the contents on this site are copyrighted ©.